Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2897171 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Чаушеску решение.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Треба да се зголеми цена на паркинг во центар, да се среди инфраструктура за велосипеди, да се намалат ленти за возила на сметка на ленти за велосипеди и тротоари/зелени и секако јавниот транспорт да се усоврши.

Само така ќе идеме напред, а не со увоз на кршеви и дестимулирање на луѓето да користат било што друго освен кола како превозно средство.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
It`s official.
Од 1000 на 1770 месечно.
Ако ти стиска, плати си 14.000 и кусур за цела година па да ти излезе 1180 месечно.

Да живее Македонија.
Сега има двата Опела да им ги паркирам, а со Југо ќе идам на работа....и пак таму ќе го паркирам.
Шо ги ебам.
Баш ми е криво што не го направат 100 евра месечно, типично македонче илинденче вака размислува - вози три коли не мрда 200 метра подалеку без кола.

Деновиве "македончето" ќе си уплати за цела година пошто катната кај Рамстор му е далеку.
А ти можеш  да дојдеш на ролшули за  да се сликаме пред аутоматот ако сакаш...М?



Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Треба да лапаат, советници, управни одбори, менаџерски тимови, бордови на директори, итн, на еден вработен.

Паразити!

http://adsdp.mk/adsdpmk/index.php?option=com_content&view=article&id=292&Itemid=252

Ме интересира какво оправдување имаат за 77% качување цена?

Да ги прашам по мејл ако не... ;D

http://adsdp.mk/adsdpmk/index.php?option=com_content&view=article&id=293&Itemid=402

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Треба да се зголеми цена на паркинг во центар, да се среди инфраструктура за велосипеди, да се намалат ленти за возила на сметка на ленти за велосипеди и тротоари/зелени и секако јавниот транспорт да се усоврши.

Само така ќе идеме напред, а не со увоз на кршеви и дестимулирање на луѓето да користат било што друго освен кола како превозно средство.

Убаво си напишал, ама има еден ОГРОМЕН проблем, не е само да дојдеш со точак на работа, треба некаде и да го оставиш 8 саати, а кај нас никаде не ти е безбедно. Јас редовно идам на работа со точак и го качувам у канцеларија, ама немаат сите такви услови.

Јавниот транспорт е најслабата карика у целиот систем, да се среди како што треба и да може да се стигне у нормални рокови на работа би било супер, а не еден ден да ти треба 15, а друг 65 минути....

Значи има многу да се сработи пред да се качат цените.

А за протестот, тоа прават луѓе у нормални земји, ак онешто не чини искачаш  и кажуваш, ние си ќутевме 10 години па сега секој ден ќе ги гледаме и плаќаме ружнине згради и споменици, а кога почнавме да се буниме работите се сменија... така да не е секогаш залудно. Едноставно, не ти чини кажи си, што те кошта испечати на лист хартија (7-8) и залепи у гаража, состанок на корисниците на месечни/годишни картички и договорете се.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Исто така точак и разнесување 2 деца по градинки/баби дедовци не оди.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
КАТНИ ГАРАЖИ Државните гаражи неколкукратно поскапи од приватните!

https://fokus.mk/katni-garazhi-drzhavnite-garazhi-nekolkukratno-poskapi-od-privatnite/

Moжда ту лежи зец.М?


Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Исто така точак и разнесување 2 деца по градинки/баби дедовци не оди.

Колку само оди, не си свесен :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
КАТНИ ГАРАЖИ Државните гаражи неколкукратно поскапи од приватните!

https://fokus.mk/katni-garazhi-drzhavnite-garazhi-nekolkukratno-poskapi-od-privatnite/

Moжда ту лежи зец.М?


Зебра коштала 1.200.000!? Па да ама веројатно зошто не спаѓа во катни гаражи туку во приватен паркинг за во куќа. Рампите се потресителни и се гледа дека е направена ради реда, а не за да се користи. Меѓу два столба не собира реално 3 коли, секогаш се паркирани 2, зошто за да собере 3 треба да се гребат меѓусебно. Смешки. Тоа е дефиниција за преплатена гаража, а не другиве. За пример исклучиво треба да се зема гаражата не Ситимол, колку и да коштала ете таа е приватна. Тоа е како СМЕЕ да изгледа гаража, а не да се спомнува Зебра. Тоа е срам за катните гаражи во светот. Плус не е само цената на градбата, тие имаат различен број на паркинг места. Рецимо Тодор е огромна, неможе да ја ставаме во ист кош и ценовен ранг со Зебра која е бајаги помала и по број на места и башка што се користат 2/3 од местата така да бројот ќе е уште помал. Дека се крало се крало. Дека сега се краде, нема збор. Таман работа. И тоа на ангро. Ама споредбите треба да се малку од малку реални. Гаража кај беко и плац не е исто со плац во Сопиште или плац кај Макоил. Се си има што е и како е.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Треба да се зголеми цена на паркинг во центар, да се среди инфраструктура за велосипеди, да се намалат ленти за возила на сметка на ленти за велосипеди и тротоари/зелени и секако јавниот транспорт да се усоврши.

Само така ќе идеме напред, а не со увоз на кршеви и дестимулирање на луѓето да користат било што друго освен кола како превозно средство.

Убаво си напишал, ама има еден ОГРОМЕН проблем, не е само да дојдеш со точак на работа, треба некаде и да го оставиш 8 саати, а кај нас никаде не ти е безбедно. Јас редовно идам на работа со точак и го качувам у канцеларија, ама немаат сите такви услови.

Јавниот транспорт е најслабата карика у целиот систем, да се среди како што треба и да може да се стигне у нормални рокови на работа би било супер, а не еден ден да ти треба 15, а друг 65 минути....

Значи има многу да се сработи пред да се качат цените.

А за протестот, тоа прават луѓе у нормални земји, ак онешто не чини искачаш  и кажуваш, ние си ќутевме 10 години па сега секој ден ќе ги гледаме и плаќаме ружнине згради и споменици, а кога почнавме да се буниме работите се сменија... така да не е секогаш залудно. Едноставно, не ти чини кажи си, што те кошта испечати на лист хартија (7-8) и залепи у гаража, состанок на корисниците на месечни/годишни картички и договорете се.

Јас не реков дека качувањето на цената на паркингот им е убаво осмислен потег и дека уште тоа фалеше и од утре сите ќе смениме превозно средство. Искрено не верувам дека некој од надлежниве има квалитетен план и стратегија за сообраќајот и иднината на градот. Кај нас се се прави импулсивно и без долгогодишен проект и план.

Денес е модерно велосипедски патеки, гради патеки. Утре ти текнало дека кај што вчера си ја изградил патеката требало да има автобуска, премести патеката стави автобуска. Е сеа пешаците нема каде да одат, јебига, скрати од булеварот и сите три размести ги. После тоа овие со колите викаат гужва се прави, ајдее бутни ги сите претходни три, направи булевар со 100 ленти. Дошло зима и загадување, забрани да се возат коли на булеварите со 100 ленти и почни таму да градиш велосипедска патека, ама пак без место за автобуска и така натака во круг.

Нашиве надлежни 30 години се понашаат исто како јас денес да почнам сам да градам куќа од темел. Прво ќе ми текне дека треба кров, па не сум направил темели, па сум заборавил подрум, па сум ја изградил, ама не сум предвидел дека треба да се греам некако и така само ќе копам, раскопувам, поправам и на крај ќе ме кошта како до Камчев да живеам горе на Водно, а ќе живеам во некој полупроизвод во приградска населба.

И со се што ќе купат или направат е исто, дали се автобуси или вело патеки, истите мора да се одржаваат, а не дур се нови да се супер и после да чекаме 20 години кога ќе се распаднат да ги поправаме и крпиме. Муабетот дека сме сиромашна држава очиглено не држи вода чим можеше милијарда да се потроши на барок.

ЕДИТ: И фала богу дека нема сите да можат да се пребацат на некоја алтернатива од кола, тоа во скандинавија се нема десено, не па кај нас за краток период. Али битно е да се сменат навиките.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
@AUUU го погоди еден од најголемите проблеми - а тоа е безбедност на точаците. Луѓе мораат да си ги носат точаците во канцеларии, итн. Мене би ми било страв да го остаам точакот некаде, било каде. Колку сака нека е испозаклучен.

Би било фино да се направат безбедни паркинзи за велосипеди, па ако треба и нека се плаќаат симболично - рецимо 10 денари на саат. Со заклучување, со вработен што ќе чува, со све. Да знам дека можам да отидам до Сити Мол, или до ГТЦ, или до некоја од државните институции и дека кога ќе завршам работа ќе си го најдам точакот. Вака, како што е сега е лутрија.

Also, уште не ми е јасно зошто ниту една осигурителна компанија не се нафати да понуди осигурување за велосипеди. По Европа има, и тоа е многукратно поскапо од осигурување за коли, ама го има, и се купува. Грубо, годишното осигурување за точак во UK е 10% од вредноста на точакот. Јас со задоволство би го платил тоа.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
А имаш и опција да си купиш поевтин велосипед, и да го заклучиш без да му ја мислиш дали ќе го украдат. Не знам што е толку во мода да се оди на работа со велосипед од 300+ еур ? Толку сакате да се покажете дека имате скап велосипед?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore

Also, уште не ми е јасно зошто ниту една осигурителна компанија не се нафати да понуди осигурување за велосипеди. По Европа има, и тоа е многукратно поскапо од осигурување за коли, ама го има, и се купува. Грубо, годишното осигурување за точак во UK е 10% од вредноста на точакот. Јас со задоволство би го платил тоа.

Зошто кај нас ќе банротира компанијата. ;D

А имаш и опција да си купиш поевтин велосипед, и да го заклучиш без да му ја мислиш дали ќе го украдат. Не знам што е толку во мода да се оди на работа со велосипед од 300+ еур ? Толку сакате да се покажете дека имате скап велосипед?

И најефтиниот велосипед да ми го украдат кога сум у ситуација да немам друг превоз - проблем ќе ми напраат. А и 25е нека е, пак не сакам да ми го украдат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
@AUUU го погоди еден од најголемите проблеми - а тоа е безбедност на точаците. Луѓе мораат да си ги носат точаците во канцеларии, итн. Мене би ми било страв да го остаам точакот некаде, било каде. Колку сака нека е испозаклучен.

Би било фино да се направат безбедни паркинзи за велосипеди, па ако треба и нека се плаќаат симболично - рецимо 10 денари на саат. Со заклучување, со вработен што ќе чува, со све. Да знам дека можам да отидам до Сити Мол, или до ГТЦ, или до некоја од државните институции и дека кога ќе завршам работа ќе си го најдам точакот. Вака, како што е сега е лутрија.

Also, уште не ми е јасно зошто ниту една осигурителна компанија не се нафати да понуди осигурување за велосипеди. По Европа има, и тоа е многукратно поскапо од осигурување за коли, ама го има, и се купува. Грубо, годишното осигурување за точак во UK е 10% од вредноста на точакот. Јас со задоволство би го платил тоа.
Кај нас ако треба да завршам повеќе работи низ град тргам со кола наместо со точак, наместо обратно, баш од причина што нема каде да го оставам. Жално ама вистинито.

Паркинг и во подземните гаражи замточаци да има, у сити мол има место, да се загради, да се стават камери, има обезбедување и готово, нека го наплатат 10 денари наместо 40 како за кола и раат. И во кино да отидеш и да прошеташ.

Ова Зеро може и да се предложи на управата на сити мол, нема што да изгубат само можат да добијат на реклама! Имаш некој да пингаш таму ?

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Ретко крадат евтини велосипеди. Јас мојот градски велосипед го купив 2500 денари. До сега овој го користам 1 година и немам никаков проблем. Уназад 5 години користам велосипед како превоз и не ми се случила кражба. 

Не знам каде ги паркирате за да ви ги крадат.