Треба да се зголеми цена на паркинг во центар, да се среди инфраструктура за велосипеди, да се намалат ленти за возила на сметка на ленти за велосипеди и тротоари/зелени и секако јавниот транспорт да се усоврши.
Само така ќе идеме напред, а не со увоз на кршеви и дестимулирање на луѓето да користат било што друго освен кола како превозно средство.
Убаво си напишал, ама има еден ОГРОМЕН проблем, не е само да дојдеш со точак на работа, треба некаде и да го оставиш 8 саати, а кај нас никаде не ти е безбедно. Јас редовно идам на работа со точак и го качувам у канцеларија, ама немаат сите такви услови.
Јавниот транспорт е најслабата карика у целиот систем, да се среди како што треба и да може да се стигне у нормални рокови на работа би било супер, а не еден ден да ти треба 15, а друг 65 минути....
Значи има многу да се сработи пред да се качат цените.
А за протестот, тоа прават луѓе у нормални земји, ак онешто не чини искачаш и кажуваш, ние си ќутевме 10 години па сега секој ден ќе ги гледаме и плаќаме ружнине згради и споменици, а кога почнавме да се буниме работите се сменија... така да не е секогаш залудно. Едноставно, не ти чини кажи си, што те кошта испечати на лист хартија (7-8) и залепи у гаража, состанок на корисниците на месечни/годишни картички и договорете се.
Јас не реков дека качувањето на цената на паркингот им е убаво осмислен потег и дека уште тоа фалеше и од утре сите ќе смениме превозно средство. Искрено не верувам дека некој од надлежниве има квалитетен план и стратегија за сообраќајот и иднината на градот. Кај нас се се прави импулсивно и без долгогодишен проект и план.
Денес е модерно велосипедски патеки, гради патеки. Утре ти текнало дека кај што вчера си ја изградил патеката требало да има автобуска, премести патеката стави автобуска. Е сеа пешаците нема каде да одат, јебига, скрати од булеварот и сите три размести ги. После тоа овие со колите викаат гужва се прави, ајдее бутни ги сите претходни три, направи булевар со 100 ленти. Дошло зима и загадување, забрани да се возат коли на булеварите со 100 ленти и почни таму да градиш велосипедска патека, ама пак без место за автобуска и така натака во круг.
Нашиве надлежни 30 години се понашаат исто како јас денес да почнам сам да градам куќа од темел. Прво ќе ми текне дека треба кров, па не сум направил темели, па сум заборавил подрум, па сум ја изградил, ама не сум предвидел дека треба да се греам некако и така само ќе копам, раскопувам, поправам и на крај ќе ме кошта како до Камчев да живеам горе на Водно, а ќе живеам во некој полупроизвод во приградска населба.
И со се што ќе купат или направат е исто, дали се автобуси или вело патеки, истите мора да се одржаваат, а не дур се нови да се супер и после да чекаме 20 години кога ќе се распаднат да ги поправаме и крпиме. Муабетот дека сме сиромашна држава очиглено не држи вода чим можеше милијарда да се потроши на барок.
ЕДИТ: И фала богу дека нема сите да можат да се пребацат на некоја алтернатива од кола, тоа во скандинавија се нема десено, не па кај нас за краток период. Али битно е да се сменат навиките.