Пред некој ден малку подзатемнето, јас со кола се уклучувам од тинекс во Хром према центар. Гледам лево нема кола гледам десно исто нема и полека се симнувам од тротоарот. Слушам некој свири со уста, подзастанувам и гледам двајца типци со тркачки велосипеди се тркаат по улица. Поминаа и јас тргнав по нив. Возат на сред лента еден до друг. Кај гоце делчев прошишаа на црвено без да погледнат или да поднамалат. Се пали зелено и тргам го стигам малку после олимпико трговскиот. Им свирнав кратко за да се потргнат, мува не ги лази како за инат уште малку се подраширија. Кај веро 2 пак на црвено и за влакно не ги собра еден со бмв. Пред млечен, најверојатно не се разбраа меѓу себе, едниов што вози од десно, врти лево кај млечен а другиов продужува право и тука убаво се спукаа на сред булевар, ми паднаа пред кола, среќа полека возев. Незнав дали да плачам или да се смеам. Само кога ги заобиколив им реков "ако ви е ѓубриња" и си продолжив.
Е вакви треба да се тепаат додека не се посерат.
Sent from my MI 4S using Tapatalk