Ме изнервираа:
- нестрпливи возачи на кои им фаќав ЦЕЛИ 40 цм од патот со точакот, со уште 3 метри останати од лентата да ме престигнат.
- дечишта што 1-ви мај, денот на трудот, го сфаќаат како ден да се начукаат ко стоки и да се натоварат во кола, предизвикувајќи општа опасност.
- дечишта без тронка домашно воспитание кои не знаат да се возат во автобус, му сметаат на возачот, исто предизвикувајќи општа опасност.
- нестрплива сељачана што се понаша идиотски кон касиерките во Тинекс, иако тие на 1-ви мај дошле на работа за таа сељачана да има кај да пазарува.
Не знам, толку идиотизам, и толку нечовечност во само еден ден ме тера да помислам дека се помалку луѓе чекорат на планетава.
П.С. И времево мочано ме изнервира. Возев точак 45 км на дожд. Нека се носи у три лепе више.