Па не е баш така Филип. 20к/ч на рамно не е заради претовареност туку заради неисправност или одлука на шоферот (позади мене нема блиску други приватњаци, ајде ќе се влечам за да се соберат повеќе патници на следните станици). 40-50км/ч може да постивне секој натоварен камион/автобус.
Едно е ако се десил квар, ама ако го фаќаат истото возило како повеќе денови по ред задржува сообраќај... тогаш дефинитивно треба да има механизам за казнување и спречување на појавата.
Aпсолутно, така е. Да ме прашуваш мене, 90% од приватните автобуси би ги отстранил од сообраќај по различни основи. Но, како што кажа и самиот:
Како и да е, ова не абсолвира небезбедно претекнување и возење над максимално дозволената брзина.
Тоа е мојата главна поента.
Петко, како учесник во сообраќајот не е тој кој ќе ги „витка“ правилата затоа што таму некој морлок ги „витка“ правилото на за Петко непожелен начин. Тоа не го амнестира Петко, ниту на кој било начин го оправдува ризичното претекнување, летање 90 низ град со дупнати кочници итн...
Страто, да беше во право со размислувањето сега ќе имавме анархија.
Да.
Нејсе, ако се казнуваше безмилосно и ревносно, тие 98% од луѓето немаше да прават прекршоци. Ти гарантирам.
Да.
Кога ќе направат автоматизиран робот кој безумно ќе дели казни - јавно ветувам дека ќе организирам куќна слава. Многу месо, многу пиење. Има сабајле да не најдат насмеани.
OT: во македонскиот јазик едначиме по звучност и викаме „аПсолвира“ а не „аБсолвира“.