Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2590550 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8490 на: 06 Февруари 2014, 10:56:08 am »
Стратро,околу утринскиот пример.
Автобусот е крив до некаде шо возел бавно,можеби прави тајминг на времето за да стигни точно на постојка(многу пати ги гледам низ бт како кочат на зелено светло) или поради друго нешто...
Но многу повеќе е крив тој со Корсата кој се претекнува без да има чиста позиција за истото.Класична грешка од која се прават тешки сообраќајки.
Многу пати сум се чудел како се судирале ‘бравски‘ на широк пат(како ПП-БТ на пример),ама до тоа иди баш од вакви испади.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8491 на: 06 Февруари 2014, 10:56:30 am »
^^
Ова.

Филип..анкета на форумов.

Дали повеќето членови го делат моето или твоето мислење?

Биди ти статистички и етички колку сакаш во право, продавај убертолеранција и тргај и пола саат порано од дома и релаксирано влечкај се позади приватњаци...ако таквите како тебе во општествово се 2% а останатите сме 98 %, треба да ли да се превземе нешто?

Ако мнозинството возачи во сообраќајот размилуваат како мене, односно постапуваат како мене, во тој случај правилата за "правилно" однесување во сообраќајот треба да се  адаптираат спрема мојот начин на однесување и размислување, бидејќи во било која околина ако наметнеш правила со кои не се согласува мнозинството, тие правила  се однапред осудени на пропаст , а најчесто ( во конкретниов случај дефинитивно) предизвикуваат инекоја споредна опасност.

Страто, да беше во право со размислувањето сега ќе имавме анархија.
Нејсе, ако се казнуваше безмилосно и ревносно, тие 98% од луѓето немаше да прават прекршоци. Ти гарантирам. :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8492 на: 06 Февруари 2014, 10:57:45 am »
Па не е баш така Филип. 20к/ч на рамно не е заради претовареност туку заради неисправност или одлука на шоферот (позади мене нема блиску други приватњаци, ајде ќе се влечам за да се соберат повеќе патници на следните станици). 40-50км/ч може да постивне секој натоварен камион/автобус.

Едно е ако се десил квар, ама ако го фаќаат истото возило како повеќе денови по ред задржува сообраќај... тогаш дефинитивно треба да има механизам за казнување и спречување на појавата.

Aпсолутно, така е. Да ме прашуваш мене, 90% од приватните автобуси би ги отстранил од сообраќај по различни основи. Но, како што кажа и самиот:

Како и да е, ова не абсолвира небезбедно претекнување и возење над максимално дозволената брзина.

Тоа е мојата главна поента.

Петко, како учесник во сообраќајот не е тој кој ќе ги „витка“ правилата затоа што таму некој морлок ги „витка“ правилото на за Петко непожелен начин. Тоа не го амнестира Петко, ниту на кој било начин го оправдува ризичното претекнување, летање 90 низ град со дупнати кочници итн...

Страто, да беше во право со размислувањето сега ќе имавме анархија.

Да.

Нејсе, ако се казнуваше безмилосно и ревносно, тие 98% од луѓето немаше да прават прекршоци. Ти гарантирам. :)

Да.

Кога ќе направат автоматизиран робот кој безумно ќе дели казни - јавно ветувам дека ќе организирам куќна слава. Многу месо, многу пиење. Има сабајле да не најдат насмеани.

OT: во македонскиот јазик едначиме по звучност и викаме „аПсолвира“ а не „аБсолвира“.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8493 на: 06 Февруари 2014, 11:03:40 am »
Пропишување на минимална дозволена брзина нема да предизвика анархија.
Денес се случи анархија поради тоа што на некој му е дозволено да се влечка.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8494 на: 06 Февруари 2014, 11:05:04 am »
Не! Денес се случи анархија заради нестрпливо и небезбедно претекнување на тој позади тебе, а ќе се случела недајбоже уште поголема ако ти се случило нешто ненадејно со 90 на саат, а ти со лоши кочници.

Не можеш низ град да пропишуваш минимална брзина од милион причини. Ако можеше и ако беше добра идеја минимална брзина низ град, до сега низ светот ќе го направеа тоа.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8496 на: 06 Февруари 2014, 11:09:41 am »
Немаше ништо да се случи ако автобусот се движеше со нормална брзина.

Ниту девојчето ќе беше силувано ако не носеше минич и тесно маиче...

Ниту комшијата ќе имаше скршен нос ако не ти ја гребеше колата...

Ниту Чкељзим ќе го убиеше со секира Љатиф да не му го убиеше Љатиф вујко му со камен пред 2 години...

А, кажи ми, што ќе се случеше ако искочеше 5 минути порано од дома и си свиркаше позади автобусот 5 минути? Ќе се скршеше џам ли? Што?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8497 на: 06 Февруари 2014, 11:14:09 am »
Не сфаќаш изгледа...

Со самото тоа што си пропишал правило со кое не се согласува мнозинството субјекти на кои правилото се однесува - Е ЛОШО правило.

Особено во делот што правилото за брзина било пропишано кога Тито беше жив и Југославија беше во најдобри години. И не е сменето до ден денес.


Да ви се најдам во муабетот:


http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/101485-nesreka-edno-lice-zagina-na-avtopatot-negotino-veles

Во меѓувреме:
http://kurir.mk/makedonija/crna-hronika/147054-Deset-soobrakajki-izminatoto-denonokie-vo-Skopje-dve-so-teski-telesni-povredi
http://kurir.mk/makedonija/crna-hronika/146961-Tragedija-Pocina-bebeto-na-zaginatiot-skopjanec-kaj-Mavrovka
http://kurir.mk/makedonija/crna-hronika/147012-Baze-bese-prekrasno-momce-sakase-kerkickata-da-se-vika-Iskra


Голема работа, што се неколку додатни поени на книшката... има простор за уште.
Дап, кршењето закони и брзањето се исплатат. Гласајте за анархија!!!

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8498 на: 06 Февруари 2014, 11:15:38 am »

А, кажи ми, што ќе се случеше ако искочеше 5 минути порано од дома и си свиркаше позади автобусот 5 минути? Ќе се скршеше џам ли? Што?

Ова треба да ги прашаш сите аута позади мене..т.е. мнозинството учесници во сообраќајот.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8499 на: 06 Февруари 2014, 11:17:37 am »

А, кажи ми, што ќе се случеше ако искочеше 5 минути порано од дома и си свиркаше позади автобусот 5 минути? Ќе се скршеше џам ли? Што?

Ова треба да ги прашаш сите аута позади мене..т.е. мнозинството учесници во сообраќајот.

Аман со тоа мнозинство. Нели те предупредив дека ад популум е невалиден аргумент?

Погрешно е погрешно, па ако сакаат сите луѓе на светов нека го прават.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8500 на: 06 Февруари 2014, 11:19:55 am »

Знае некој како се случила сообраќајната несреќа?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8501 на: 06 Февруари 2014, 11:20:30 am »
Daleku od anarhija.

Zamisli od utre da se donese zakon spored koj vo Skopje ne smees da odis so avtomobil na rabota. Ekologija i zagaduvanje jbg...za opsto zdravje i dobro na lugeto neli?

Zakonot ima dobra namera vo pozadina no gi favorizira samo onie koi ziveat vo Centar.

Sto ke napravi mnozinstvoto za koi ova pravilo ne odgovara?

Spored Filip in Filipland, treba so tocak da izlezam vo 6:30 od doma namesto vo 8:00 i da si svirkam.

Really?...i mean...REALLY?!
;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8502 на: 06 Февруари 2014, 11:24:27 am »

Знае некој како се случила сообраќајната несреќа?

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,529.msg605630.html#msg605630
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8503 на: 06 Февруари 2014, 11:25:15 am »
Zamisli od utre da se donese zakon spored koj vo Skopje ne smees da odis so avtomobil na rabota. Ekologija i zagaduvanje jbg...za opsto zdraje i dobro na lugeto neli?

Нема да се донесе таков закон.

Sto ke napravi mnozinstvoto za koi ova pravilo ne odgovara?

Ќе формира партија, ќе победи на избори и во парламентот ќе го смени законот.

Како поинаку? Со бирање според лично наведување кои закони ќе се почитуваат а кои не?

Spored Filip in Filipland, treba so tocak da izlezam vo 6:30 od doma namesto vo 8:00 i da si svirkam.

Really?...i mean...REALLY?!
;D

No.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8504 на: 06 Февруари 2014, 12:11:30 pm »
A new Florida law is targeting highway drivers, but this law isn't about ticketing drivers for driving too fast. Now, drivers can get a fine for driving too slow in the fast lane.

http://www.news4jax.com/news/slow-fast-lane-drivers-now-face-penalty/-/475880/20581164/-/8ccrhrz/-/index.html