Епа дечки, вечерва ќе беше последната во мојов живот. Среќа што си пазам и тоа ми го спаси мојот живот и на девојка ми.
Поминувам пешачки на рекорд кај бившо Mc Donalds и си застанува типот на првата лента, арно ама приметив дека колава во втората лента иде доста брзо 50-60 и без знаци на запирање. Кога гледам пичка со штипски таблици си збори со таа до неа И ТОА СВРТЕНА НАКАЈ НЕА а мене не ме ни виде на пешачки, па ја опцув убаво кога помина ама штета што во тој момент не ми текна да и ркнам на прозор. Да поминуваше пешачки некоја баба или оние што се шетаат како на модна писта, отиде во Бутел.
Уште еднаш ќе го кажам мојот така постар заклучок:
Зголемената брзина не е причина за сообраќајните незгоди, туку невниманието!