Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2632264 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22035 на: 13 Декември 2023, 14:04:06 pm »
Лекот е старо ауто, да видиш како пуштаат и чекаат да поминеш, не ти влагаат од споредна уличка итн.
Ова го имам приметено со Југцето на стариот, возиш без помисла дека ќе се изнервираш. Замисли некое Алеко да имаш? 🙂
Мене на Лада Самара ме тера муабетот :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22036 на: 13 Декември 2023, 16:14:55 pm »
Fiat 1300 со кука.

Да видиш како бегаа од мене ;D да се чешнеа од мене, им отиде крило, браник :D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22037 на: 13 Декември 2023, 17:00:20 pm »
Евентуално Лада 2107 со челични браници. 🤣

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22038 на: 13 Декември 2023, 17:23:47 pm »
Не е битно возилото, битно е само да покажеш дека тебе ти е помалку гајле за твојата кола. Ги глеам и со нови, година-две стари коли се пикаат бидејќи не им е гајле за колата.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22039 на: 13 Декември 2023, 17:48:23 pm »
Човекот на кој што му ја продадов фиестата ме враќаше за Велес да ги одјавиме таблиците со негова кола. Среде улица заврти полукружно у очи на возило што доаѓаше, му викам абе луд ли си? Не бе вика немај гајле Скопје е ова, ќе намали, нема да не удри, уживај кој е тој што сака да си ја искрши колата.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22040 на: 13 Декември 2023, 18:10:08 pm »
На стар скопјанац си му продал...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22041 на: 13 Декември 2023, 18:34:27 pm »
И другиот да е будала ко овој, утре другиден ќе се манат, не секој попушта.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22042 на: 13 Декември 2023, 22:34:04 pm »
Нандор Против Госпоѓите
Драма во два чина


Чин I-ви

Нандор беше прописно паркирал покрај една зграда и се упати кон училиштето.

При преминување на пешачкиот премин што води кон влезната врата на училиштето,
забележа дека преминот наместо во тротоар, па врата, завршува со хеч и некоја госпоѓа во него.

Нандор:
Госпоѓо, ова е пешачки премин, од онде деца ќе излегуваат за две минути.
Госпоѓата:
Да, моите деца ќе излегуваат.

Откако пресмета со молскавична брзина дека вратата (тоа е едно обично мало портиче) е широка околу 87цм,
а хечот е германски со должина околу 4300мм и е баш симетрично паркиран во однос на портичето,
заклучи дека возилото е баш паркирано на заебан начин, Нандор повторно ѝ се обрати на госпоѓата со ист тон.

Нандор:
Госпоѓо, пешачки е ова.
Од онаа врата излегуваат деца и треба од тука да поминат за да си одат дома.
Госпоѓата:
Да, моите деца ќе излегуваат.

Нандор заклучи дека госпоѓата изгледа зборува Македонски, но размислува на Германски.
Исто како во онаа ситуација со тетоважите кога фраериштата мислат дека имаат некоја тешка авто-биографска мисла испечатена на своето тело,
додека во реалноста, на нивните цицки им пишува нешто како "јадам гомна за доручек" на Кинески.

Нандор си продолжи по патот, со едно мало заобиколување.



Чин II-ри

После неколку минути харање низ мрачната патека, Нандор стигна до училишниот влез.
Среќа, дал госпо батериска светилка за секој паметен телефон, па кому му треба улично светло баш пред и околу училиштата?!

Квадратурата на дворот беше успешно измерен "уз цигара на ладно" за тие две минути додека излегоа децата.

Нандор се упати во обратен правец, кон фамозната порта.

Овојпат, наместо голфот, на истото место стоеше еден убаф бел джип!
Во исто време, беше пофраерски паркиран, средишно, ама со предницата навлезен уште повеќе во тротоарот - практично на 30цм од ѕидот, оставајќи простор да помине човек "настранично".

Откако Нандор наближи кон портата, одлучи да не премолчи и овојпат:

Нандор:
И сега... каде да одиме ние?
Госпоѓа 2:
[нешто кажа одвнатре и се насмеа во стилот "као, извини, као, ама шодапраам, као..."]

Госпоѓата не беше ни во мала доза агресивна, за разлика од нејзината претходничка, а богами и джипот ѝ беше доста поубАф.

Сепак, остана неразрешено што всушност беше одговорот и какво значење имаше таа насмевка.
Нандор повторно заобиколи малку, па продолжи по патот во горенаведениот обратен правец.

Јебига.
Како тргна, помислив на чин 3-ти, си велам сега Нандор ќе го извади големиот пенис и ќе го одвитка на хауба на џипот.... ама после си реков абе ладно е сега, сигурно пола саат ќе го бара кај му е, до тогаш ќе си заминат и децата и мајките.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #22043 на: 13 Декември 2023, 22:37:28 pm »
Насловов ме потсети на:
Дискусија за дискутирањето

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Од сите теми на форумов, на оваа ич не ми е ќејф шо некропостам, ама не можев да издржам.

Пред некои 20тина минути, низ Охрид помина конвој од (претпоставувам неколку) Цитроен клубови. Се постари модели, средени, како шо и доликуват на клуб. @cdyane се ми се чинит дека те видов и тебе негде напред во колоната.

Се враќам накај влез во Охрид од Св. Наум, на правецот кај Рача, во десна колона околу 30тина коли од конвојот, во лева лента 8-9 коли го престигнуваме конвојот, со можда 15-20км/х побрзо. Конвојот возеше околу 40, колите во лева лента се движевме со 50-55, пошо не е најширок патот и не е место за агресивни престигнувања.

Конвојот влезе во Охрид, и на сам влез, на бензинската Макпетрол, цел конвој од десна лента, ја пресече левата во која бевме неколку коли, за да поминат низ бензинска и да излезат од другата страна, и пак си се вратија во десна лента.

Кој ја користел бензинската, знајт колкава гужва е таму, редовно, и знајт колку се незгодни и влезот и излезот од таа страна. Мене вистина не ми е јасно која беше поентата за таква глупост, ама да не изреагираше цела колона, ќе беше весело.

Еве и една ептен лоша илустрација од муабетот.


Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Ние сме да, инаку и мене не ми беше јасно зошто така пројдоа и уште не ми е.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Абе другари сервирајте ги и вие малце, шо ги вртите.
Нандор Одисеј не ти е рамен. Или равен, како беше...
« Последно менување: 19 Мај 2024, 10:33:56 am Bicikle »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Ако некому е битно, и мене не ми е јасно зошто така направиле.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Ваљда без серво полесно е поблага кривина да фатиш, наместо оштра   ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Ќути,има и полошо 😂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D