На некои луѓе животно достигнување им е да гребат со клуч рандом кола. Особено ако е со нескопски таблици. Се надевам дека барем малку посреќен стана кој и да реши да ми ја гребе Корсата.
Мислам, се обидувам да сфатам, као си одиш дома, триеш раце и си викаш:еј, колку добра гребаница сум направил, онака цел среќен?!
Позади Симпо ова, рандом место вчера, после пола саат дигнати брисачи и лист "приватен паркинг, викам пајак" - стопати сум паркирал на истото место, никаков знак дека е забрането паркирање или приватен паркинг.
Гребаниците ги видов дури денес.
Клет народ сме, другари и нема да станеме поарни со тупање в гради. Такви ќе се истребиме од светов - клети...
Малку покасно да одговорам, ама мислам дека е корисно.
Во долгата стара зграда со три влеза во близина на Симпо живее еден човек, возрасен, стар може да се каже. Има маркирано некаков простор на тој паркинг со бела линија, а никакви ознаки нема. Проаѓа со точак и со рачката, а може има и некое ноже или клуч и остава масакр на се што е паркирано на тоа место. Станарите од таа зграда и од зградата до Симпо, што го користат паркингот дури и се обидуваа да го пријават заеднички, мислам дека не добија ништо од тоа. Јас работам тука во близина и познат ми е проблемот од колегиве. За вакви, за жал само насилство е решение и тоа парцијално, со тоа што ќе треба да си ја гледаш гребаницата. На пример колешкава има гребаница баш од него, во должина на целата кола од задно крило преку двете врати скоро до хаубата.
Ете некој што ќе го види ова, ќе си знае. Обично местото местото стои празно, пошо го знаат локалциве дека е ментал.
...и само да надополнам дека „нескопскоста“ на таблицата нема апсолутно никаква врска со гребењето на колата. 5% е наплив на нервоза поради лош паркинг или некакви лични (комшиски) несогласувања и 95% од ретардираност.