Ме нервираат мачкините окца што се поставени низ центарот на Скопје кај што има пешачки премин.
Поточно нивната несоодветна поставеност, по правило треба мачкиното окце да е рамно со асфалтот, ова мора да биде изведено на места кај што има пешачки и испрекината линија.


Или оваа по блага варијанта


Тие моментално поставените "напрчените" треба да се на полна линија и од страна.
Во случај да задремаш на волан и да преминеш во спротивна лента ќе осетиш дрмање што е и корисно да се изреагира на време.
Зеро може да пишеш на портал како се изведува ова правилно. Да се едуцираат тие горе.
Да се надоврзам исто така за лежечките полицајци, по пропис се поставуваа на мин. ширина 1м и мах. висина 5см.