Поврзано со сообраќај, т.е. поврзано со механичар кој ја оспособува колата за сообраќај.
Вовед: пумпите за куплунг и кочници биле некако поврзани, т.е. делеле дел од глицеринот. Мене ми откажа таа за куплунг по што нарачав нова. Кога веќе се цеди цел глицерин од системот, решив да го заменам и вакуумот заедно со пумпата за кочници.
Главен дел: арно ама, се изнервирав кога механичарот кажа дека „има многу работа, треба да вадам све“. Океј, отидов на лице место, да видам што е тоа „све“ што треба да се вади. „Све“ што требало да се вади е да се отштрафи казанчето од сервото, да се тргне на страна, и да се откачи цревото за вода што ја враќа водата во казанчето. После излезе дека стара била колата, можно било штрафчињата за пуштање воздух од кочници да се запечени.
Му кажав дека цел глицерин е сменет пред неполна година и сите се отварани, нема шанси да се запечени.
Следен изговор беше дека цревата се стари и може да се скинат „па кај ќе најдеме други“... Значи океј, изговори како изговори, туку највише што ме изнервира беше што цело време викаше „мене не ми е проблем, ти реши се ќе го средиме, само знаеш (и тука продолжува со сите претходни кажани изговори)“.
Заклучок: не му се работело на чоекот. Сега дискутирав со татко ми, и веројатно ќе си купам цело куферче „гедоре“ клучеви и додатоци и механичари више ни 2% нема да ебам.