Вчера два кретена околу 18:30 се тркаа од Панорама до Средно Водно, а на патеката еден куп велосипедисти и за нагоре и надолу. Што е најинтересно двајцата си влагаа прописно во кривини со лепење до банкина, и кратење на кривини. Среќа што сите што возеа велосипед беа присебни и се повлекоа надвор од патот за да не настрадаат. Јас ги начекав кај новата клучка за кај Сончев Град, претходно слушнав дека некој урла со колата од доле и дека шкрипат гуми и да не застанев на страна во трева може и пченица и алва ќе јадевте денес.
Знам дека и велосипедистите што возат на Водно не се баш цвеќиња за мирисање особено оние што се спуштаат надолу со 60+ km/h, ама овие двајца беа стварно без мозок. Во период кога секогаш има некој што вози велосипед или трча на патеката (улицата) на Водно, да си ги мериш перформансите е стварно непромислено и за секаква осуда.
За да биде апсурдот поголем, доле кај Француска амбасада имаше еден тон џандари и не дозволуваа да поминат коли, веројатно зашто имаше некакво случување кај амбасадите, но овие двајца поминале некако и ги пуштиле нагоре.