Баш така. Не паметам дали сум ви раскажувал пред 3 години, татко ми беше пред кинење конци кога го носев на трансфузиологија и беше прашање на живот/смрт. Дотрчува тој момакот од обезбедување и пред нос ми застанува на сосем регуларно и слободно место за паркирање внатре во клиника.
- Не може тука да паркираш!!!!!
Велам зошто?
- Така не може. Јас сум обезбедување и велам дека не може да паркираш.
Велам, ама татко ми мора да прими серум иначе во опасност е. (Али пази, јас си го транспортирам од клиника на клиника зошто ако некоја клиника те прати на друга, и нема кој да те однесе, тогаш можеш веднаш во погребално Бутел да ѕвониш).
- Не знам јас тоа не може.
Се тргам на страна (тука во централниот паркинг кај што се сметководствата) и затворам 3 коли да неможат да излезат. Го носиме стариот со мајка ми на раце во трансфузиологија, излагам надвор да барам друго место за паркирање, на „моето“ место влегува друг, очигледно пријателка на обезбедувањето и се паркира таму. Овој се врти накај мене, ме гледа и ми вика: гледаш дека можело? Јас во состојба на афект р'кање сочно во фаца, накострешен како мисир, пцуење се до последно. Ми се закани дека „сега ќе видам што ќе ме снајде“ и повеќе не го видов.
Така да таму, на сред клиника треба катна гаража со 10.000 паркинг места и решен проблем, ни ПОЦ, ни обезбедување ни никакви глупави филозофии. Посебен влез за брза помош и решен проблем.