Јас го дадов изворно законот од 2007, сите измени и дополни се додадени во линкот подолу. Од 2010 па наваму, измени и дополни:
Измена и дополна 23.03.2011:
1
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.36 од 23.03.2011 година
Член 1
Во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на
Република Македонија“ број 54/2007, 86/2008, 98/2008, 64/2009 и 161/2009), во
членот 248 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
“(3) Стручниот раководител од членот 247 став (1) алинеја 1 на овој закон може
истовремено да биде и предавач во автошколата, доколку ги исполнува условите
од ставот (2) на овој член.“
Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5).
Член 2
Во членот 265 по ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5), кои гласат:
“(4) При спроведување на вториот практичен дел од возачкиот испит, на барање
на кандидатот за возач, а во зависност од конструкциските карактеристики на
возилото, може да присуствува и возач - инструктор од автошколата во која
кандидатот за возач ја завршил обуката, кој нема право на глас.
(5) Барањето за присуство на возачот - инструктор при спроведување на вториот
практичен дел од возачкиот испит, кандидатот за возач го искажува непосредно
пред започнување на спроведувањето на вториот практичен дел од возачкиот
испит.“
Член 3
Во членот 416 алинејата 2 се менува и гласи:
“- во висина од 1% од средствата што се наплатуваат за регистрација на моторни
и приклучни возила и тоа од надоместокот за употреба на јавните патишта (патна
такса),“.
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија“.
Дополнување: 13.04.2011:
1
ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.51 од 13.04.2011 година
Член 1
Во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на
Република Македонија“ број 54/2007, 86/2008, 98/2008, 64/2009, 161/2009 и
36/11), во членот 287 по ставот (1) се додаваат 20 нови става, кои гласат:
“(2) По барањето за издавање на возачка дозвола од ставот (1) на овој член,
Министерството за внатрешни работи издава возачка дозвола во рок од 15 дена
од денот на поднесувањето на барањето од страна на лицето кое ги исполнува
условите утврдени со овој закон.
(3) Доколку Министерството за внатрешни работи не ја издаде возачката
дозвола односно не донесе решение за одбивање на барањето за издавање
возачка дозвола во рокот од ставот (2) на овој член, подносителот на барањето
има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање
до писарницата на министерот за внатрешни работи, заради донесување
решение од страна на министерот за внатрешни работи.
(4) Формата и содржината на барањето од ставот (3) на овој член ги пропишува
министерот за внатрешни работи.
(5) Министерот за внатрешни работи е должен во рок од пет работни дена од
денот на поднесувањето на барањето од ставот (3) на овој член до писарницата
на министерот за внатрешни работи да донесе решение со кое барањето за
издавање на возачка дозвола е уважено или одбиено. Доколку министерот за
внатрешни работи нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на
седиштето на Министерството за внатрешни работи.
(6) Кон барањето за донесување решение од ставот (3) на овој член подносителот
на барањето доставува и копија од барањето за издавање на возачка дозвола од
ставот (1) на овој член.
(7) Доколку министерот за внатрешни работи не донесе решение во рокот од
ставот (5) на овој член, подносителот на барањето може да го извести
Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
(8) Инспекторот е должен во рок од десет дена од денот на приемот нa
известувањето од ставот (7) на овој член, да изврши инспекциски надзор во
Министерството за внатрешни работи и да утврди дали е спроведена постапката
согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор
да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот
надзор.
(9) Инспекторот по извршениот надзор согласно со закон, донесува решение со
кое го задолжува министерот за внатрешни работи во рок од десет дена да
одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за
преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторот и да му достави
примерок од актот со кој е одлучено по барањето.
(10) Доколку министерот за внатрешни работи не одлучи во рокот од ставот (9)
на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна
постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи
дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за внатрешни работи ќе
одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за
донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал
по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира
подносителот на барањето за преземените мерки.
(11) Доколку министерот за внатрешни работи не одлучи и во дополнителниот
рок од ставот (10) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе
2
поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира
подносителот на барањето за преземените мерки.
(12) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој
член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да
поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен
инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во
писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.
(13) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три
работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (12) на
овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од
подносителот на барањето од ставот (7) на овој член или не поднел пријава
согласно со ставот (11) на овој член, директорот на Државниот управен
инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за
прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот, и ќе
определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши
надзор во Министерството за внатрешни работи дали е спроведена постапката
согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да
го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(14) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (13) на
овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до
надлежниот јавен обвинител против инспекторот, и во рок од три работни дена ќе
го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
(15) Во случајот од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен
инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг
инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
(16) Во случајот од ставот (15) на овој член, директорот на Државниот управен
инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на
барањето за преземените мерки.
(17) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно
со ставот (13) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава
до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.
(18) Доколку министерот за внатрешни работи не одлучи во рокот од ставот (11)
на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред
надлежниот суд.
(19) Постапката пред Управниот суд е итна. (20) По донесувањето на
подзаконскиот акт од ставот (4) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок
од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за внатрешни
работи.
(21) Одредбите од ставовите (2) до (21) на овој член не се применуваат во
постапката за издавање на возачка дозвола на странец.“
Член 2
Подзаконскиот акт од членот 1 став (4) на овој закон ќе се донесе во рок од три
месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 3
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува од 1 април 2012
година.
Првите измени се однесуваат на добивање на возачки дозволи, а вторите за инспектори, министри и к*р се тресе во ладна вода.