Здраво! Нов сум на форумов па ми треба мала помош околу изборот на амортизери.
Сакам да купам нови квалитетни амортизери (сите 4 амортизери) кој бренд би ми го препорачале и што се треба да се смени комплет кога се менува нови амортизери?
Пари не жалам но сакам да добијам квалитет и професионална монтажа со гаранција.
поздрав
Кажи кола, па да видиме.
Ако толку е нежалење пари:
Ohlins (па два километри празно место)
Потоа:
KW, Koni, Bilstein и Boge би ги ставил на врв
Sasch, Monroe, КYB после нив
Пак километар празно место,
ОЕМ производители,
Па у недоглед празно место па:
NBNF, STARLINE, JAPANPARTS, (ZVUCNOIMEKOEASOCIRAKVALITET), итн...
Па 100 километри празно место
Репарирани.