Некој да посочи разлика меѓу гасни, уљани и слично амортизери кога веќе начнавте и кои би биле најмеки за по македонски патишта?
Мислам дека сите се гасни, или дека сите асални се гасни. Тоа не значи дека се без хидраулична течност туку дека имаат дополнително „балонче“ под притисок со некој гас. Тоа го спречува создавањето на пена во хидрауличната течност што го одржува системот стабилен при напорно трескање. Веројатно добиваш „изматен шлаг“ ако нема гас кој тоа го спречува.
Констурктивно имаш два типа, monotube и twintube.
Кај првите вообичаено подобро се искористува волуменот на цевкатаимаат по голем радиус на клипот и се подобри за решавање на потешки задачи како спортски шеми и потешки возила.
Кај twintube имаш две комори преку кои оди течноста па помеѓу кои постои накој тип на вентил. Тој овозможува препреминување или не овозможува преминување на хидрауличната течност од една комора во друга.
Кај сите производители ќе ги најдеш конструкцииве во некоја варијанта. Мислам оние „уљни“ не постојат или не сакаш да ги разгледуваш во патнички автомобил од современава генерација.
Вообичаено ОЕМ replacement се на база на twintube. Monroe Reflex ги има во две варијанти но мислам дека monotube само за SUV и поробусни возила.
Интересно беше што гледав дека SACHS за мојата кола ист модел /генерација напред се monotube назад се twintube.
Јaс би преферирал Bilstein B4 за стандард, со SACHS имам одлично искоуство на ZX во поглед на удобност и трајност (60kkm без осетни влошувања). KYB немам возено она што гледам по некои форуми велат дека нешто по круто од Bilstein но по квалитет ги тераат во ист ранг (имаат ист број навивачи).
Monroe Reflex се фалат со нивната технологија на вентил кој реагира во неколкуу ms на удари поголеми од 1,5 g и со тоа ја модифицираат функционалноста на амортизерот при лоши услови додека при мазно крузање треба да се покрути .. што и сакаме да се.
Јас волку .. детали по гугл/јутјуб.