По се ова што го читам доаѓам до заклучок дека повеќе октани полош бензин, или понезапалив.
Погршен ти е заклучокот.
Ajде да пробам да објаснам, ама читајте внимателно - не бидете педерчиња - пошто пишувањето си бара труд и време. Да не објаснувам за џабе, за после да прочитам коментар од кој ќе заклучам дека не е прочитано. Не е ферски.
Прво да расчистиме со некои основни работи: сето ова важи за бензински мотор, и само за бензински мотор ќе објаснувам. Кај дизелите е скроз друг муабетот и е неповрзан со октанските броеви.
Значи, одиме по ред:
1. Горивото може да се запали на два начини: 1. со греење и 2. со искра/оган.
Палење со греење значи дека ако во едно тенџере ставиме бензин и тенџерето го ставиме на рингла, бензинот нема одма да се запали, туку ќе почне да му расте температурата. Ќе се грее, ќе се грее и кога температурате ќе достигне одредена вредност - спонтано ќе се самозапали, без контакт со искра или оган. Таа температурна точка на англиски се вика flash point a на македонски точка на САМОзапалување. Кога температурата на бензинот ќе ја достингне точката на самозапалување - ќе буфне. Кај различни горива таа точка е различна. Кај горивата со поголем октански број, таа точка е повисока, т.е. горивото може да се загрее на повисока температура без спонтано да се САМОзапали.
Вториот начин е со контакт со некаква плазма (искра или оган). Кај вториот начин, бензинот може да биде ладен, далеку од flash point-от, но ако го креснеш упаљачот сепак ќе се запали.
2. Законите на термодинамика велат дека со зголемување на притисокот расте и температурата. (тнр. Геј-Лисаков закон, ако не се лажам...)
Замислете некој клип во кој што има еден метар кубен воздух со температура од 20 степени ц. Доколку тој клип го притиснеме на половина од одот, волуменот ќе се намали на половина (0.5 метри кубни), а температурата на воздухот ќе порасне двојно (од 20 на 40 степени ц). Значи - поголем притисок - поголема температура.
Е сега да визуелизираме како клипот во моторот оди нагоре и ја стиска смесата до воздух/гориво. Како што клипот оди нагоре - така и расте температурата на смесата. Но, смесата не смее да се запали сама од себе ПРЕД да кресне свеќицата! Затоа, горивото мора да биде такво да точката на самозапалување му е повисока од температурата на која што ќе се загрее додека клипот го стиска нагора. Доколку горивото спонтано буфне пред време, тоа се вика engine knocking. Не знам како се вика на македонски, ама знам дека е штетно и дека може дури и да го уништи моторот.
Затоа, во горивото се става све и свашта само за да НЕ се самозапали, туку да почека да кресне свеќицата. Таа способност на горивото да НЕ се самозапали се опишува со октанскиот број. Гориво од 98 октани се самозапалува на повисока температура од гориво од 95 октани. Затоа, кај мотори кои развиваат големи компресии во цилиндрите (напр. турбо моторите), за да се искористат потенцијалите на моторот мора да се стави гориво поотпорно на САМОзапалување, т.е. гориво со повисок октански број.
Што значи сево ова?
1. На мотор кој е дизајниран да работи на 95 октани му е НЕБИТНО дали му се става гориво од 95, 98, 100 или 1000000 октани. Чим 95-ката не се запалува сама од себе, тогаш 100-ката уште помалце. Ставање 98 во мотор кој е дизајниран за 95 е чисто фрлање пари.
2. Мотор кој развива големи притисоци во цилиндрите и кој е дизајниран за 98 октани му е БИТНО да се ставаат 98 октани, а не помалце, бидејќи ако му се стави 95-ка и ако се стисне на гаста, може да дојде до engine knocking и да се оштети/уништи моторот*
3. Мотор кој со 98 октани оди побрзо отколку со 95 октани, оди побрзо затоа што ТРОШИ ПОВЕЌЕ ГОРИВО, не затоа што горивото е по моќно, квалитетно или не-знам-ти-што. Моторот едноставно може да набута повеќе воздух/хориво во цилиндарот, да го сплеска на голема компресија (а без притоа да се самозапали!) и затоа иде подобро.
Се надевам дека ова е доволно, но ако има уште нешто нејасно - ве молам да потпрашате, со задоволство ќе објаснам.
Поздрав!
----
*) oва важело порано, пред моторите да имаат електронска контрола (ECU). Денес ЕCU-то познава какво гориво е ставено и - ако се стави 95 октани - просто нема да дозволи да влезе толку многу воздух во цилиндарот и на тој начин ќе го заштити моторот. Модерна кола дизајнирана за 98 може да се вози и на 95, ама максималната коњажа ќе биде спуштена (заедно со потрошувачката).