Автор Тема: (Не)квалитетни горива и нивното влијание на моторот?  (Прочитано 70277 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
The quality of a fuel is measured with its 'octane number'. A good quality fuel has a good octane number.

Глупости. Октанскиот број нема благе везе со квалитетот на горивото.

ДЕФИНИРАЈ квалитет на бензин!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Kaкако и да го дефинирам, квалитетот нема да биде детерминиран со flash point-от!

Квалитетен бензин од 95 октани е оној кој е чист и кој се однесува во согласност со спецификациите: чист бензин, без вода, перут и мочка, чија точка на самозапалување навистина кореспондира со 95 октани.

Квалитетен бензин од 98 октани е оној кој е чист и кој се однесува во согласност со спецификациите: чист бензин, без вода, перут и мочка, чија точка на самозапалување навистина кореспондира со 98 октани.

Што не е јасно?

Квалитет во економијата се знае што е: степен на поклопување на декларираните со реалните карактеристики.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Џиџи а знаеш дека ако е неквалитетно горивото и има некои примеси дека може и да му се намали октанскиот број? Така да може индиректно октанскиот број да значи и мерка за квалитет на горивото.

Ама тогаш па спореди 95 октански бензин кај нас и во германија на пример. Пак не иде. Не сум стручен. ЈАВИИИ се СИИИ-МООО!!!

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Па затоа викам ако не го бива бензинот и октаните ќе му се намалат, ако му одадеш вода се ќе се намали како и октаните. Ама пак ќеречам кај нас се е можно.

На крај краева кој мери октани на нашиве бензини?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Џиџи а знаеш дека ако е неквалитетно горивото и има некои примеси дека може и да му се намали октанскиот број?

Примесите обично го ЗГОЛЕМУВААТ октанскиот број. Во втората светска војна, во авионските мотори заедно со горивото се вбризгувала ВОДА во цилиндарот за да се крене точката на самозапалување и ефективно да се ЗГОЛЕМИ октанскиот број на смесата.

Квалитетен бензин 95 од германија ќе ја тера колата подобро од чкарт бензин 95 од абхазија НЕ затоа што германскиот има повеќе октани (ИСТО имаат и едниот и другиот) туку од други причини (подобар квалитет).

Мислам дека повеќето не разбирате што е тоа октански број и интуитивно го поврзувате со експлозивната моќ на горивото, што нема благе везе со вистината.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7562
Би требало Дирекција или Агенција за заштита на права на потрошувачи, или како и да се викаа ...

Тие би требало да вршат проверка на квалитет ... Али со фактот дека се вртат огромни износи на кеш, секогаш се мижи пред тоа ..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Тие би требало да вршат проверка на квалитет ...

По не-знам-кој-пат: ОКТАНСКИОТ БРОЈ НЕ Е МЕРКА ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ГОРИВОТО!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Филип друже, се тоа во ред. Ама пиши зошто е тоа така. И јас го мислам истото ама него тврдам бидејќи не знам точно зошто и како.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
По се ова што го читам доаѓам до заклучок дека повеќе октани полош бензин, или понезапалив.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Тие би требало да вршат проверка на квалитет ...

По не-знам-кој-пат: ОКТАНСКИОТ БРОЈ НЕ Е МЕРКА ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ГОРИВОТО!


Зашто Чајна кобасица увек е поскупа од Шунка.

Затоа што има више мевце.  ;)


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
По се ова што го читам доаѓам до заклучок дека повеќе октани полош бензин, или понезапалив.

Погршен ти е заклучокот.

Ajде да пробам да објаснам, ама читајте внимателно - не бидете педерчиња - пошто пишувањето си бара труд и време. Да не објаснувам за џабе, за после да прочитам коментар од кој ќе заклучам дека не е прочитано. Не е ферски.

Прво да расчистиме со некои основни работи: сето ова важи за бензински мотор, и само за бензински мотор ќе објаснувам. Кај дизелите е скроз друг муабетот и е неповрзан со октанските броеви.

Значи, одиме по ред:



1. Горивото може да се запали на два начини: 1. со греење и 2. со искра/оган.

Палење со греење значи дека ако во едно тенџере ставиме бензин и тенџерето го ставиме на рингла, бензинот нема одма да се запали, туку ќе почне да му расте температурата. Ќе се грее, ќе се грее и кога температурате ќе достигне одредена вредност - спонтано ќе се самозапали, без контакт со искра или оган. Таа температурна точка на англиски се вика flash point a на македонски точка на САМОзапалување. Кога температурата на бензинот ќе ја достингне точката на самозапалување - ќе буфне. Кај различни горива таа точка е различна. Кај горивата со поголем октански број, таа точка е повисока, т.е. горивото може да се загрее на повисока температура без спонтано да се САМОзапали.

Вториот начин е со контакт со некаква плазма (искра или оган). Кај вториот начин, бензинот може да биде ладен, далеку од flash point-от, но ако го креснеш упаљачот сепак ќе се запали.



2. Законите на термодинамика велат дека со зголемување на притисокот расте и температурата. (тнр. Геј-Лисаков закон, ако не се лажам...)

Замислете некој клип во кој што има еден метар кубен воздух со температура од 20 степени ц. Доколку тој клип го притиснеме на половина од одот, волуменот ќе се намали на половина (0.5 метри кубни), а температурата на воздухот ќе порасне двојно (од 20 на 40 степени ц). Значи - поголем притисок - поголема температура.

Е сега да визуелизираме како клипот во моторот оди нагоре и ја стиска смесата до воздух/гориво. Како што клипот оди нагоре - така и расте температурата на смесата. Но, смесата не смее да се запали сама од себе ПРЕД да кресне свеќицата! Затоа, горивото мора да биде такво да точката на самозапалување му е повисока од температурата на која што ќе се загрее додека клипот го стиска нагора. Доколку горивото спонтано буфне пред време, тоа се вика engine knocking. Не знам како се вика на македонски, ама знам дека е штетно и дека може дури и да го уништи моторот.

Затоа, во горивото се става све и свашта само за да НЕ се самозапали, туку да почека да кресне свеќицата. Таа способност на горивото да НЕ се самозапали се опишува со октанскиот број. Гориво од 98 октани се самозапалува на повисока температура од гориво од 95 октани. Затоа, кај мотори кои развиваат големи компресии во цилиндрите (напр. турбо моторите), за да се искористат потенцијалите на моторот мора да се стави гориво поотпорно на САМОзапалување, т.е. гориво со повисок октански број.


Што значи сево ова?

1. На мотор кој е дизајниран да работи на 95 октани му е НЕБИТНО дали му се става гориво од 95, 98, 100 или 1000000 октани. Чим 95-ката не се запалува сама од себе, тогаш 100-ката уште помалце. Ставање 98 во мотор кој е дизајниран за 95 е чисто фрлање пари.

2. Мотор кој развива големи притисоци во цилиндрите и кој е дизајниран за 98 октани му е БИТНО да се ставаат 98 октани, а не помалце, бидејќи ако му се стави 95-ка и ако се стисне на гаста, може да дојде до engine knocking и да се оштети/уништи моторот*

3. Мотор кој со 98 октани оди побрзо отколку со 95 октани, оди побрзо затоа што ТРОШИ ПОВЕЌЕ ГОРИВО, не затоа што горивото е по моќно, квалитетно или не-знам-ти-што. Моторот едноставно може да набута повеќе воздух/хориво во цилиндарот, да го сплеска на голема компресија (а без притоа да се самозапали!) и затоа иде подобро.

Се надевам дека ова е доволно, но ако има уште нешто нејасно - ве молам да потпрашате, со задоволство ќе објаснам.

Поздрав!


----
*) oва важело порано, пред моторите да имаат електронска контрола (ECU). Денес ЕCU-то познава какво гориво е ставено и - ако се стави 95 октани - просто нема да дозволи да влезе толку многу воздух во цилиндарот и на тој начин ќе го заштити моторот. Модерна кола дизајнирана за 98 може да се вози и на 95, ама максималната коњажа ќе биде спуштена (заедно со потрошувачката).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Многу јасно и убаво напишано. Much appreciated.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
ona sto go pisav i jas za tommy koga mu rekov i 95 i 98 da stai ke si vozi kolata ecu-to ke si regulira parametri, na sto mi bese odgovoreno deka tresam gluposti ....  ;D
aj sea.... ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Благодарам на надополнувањето Филип, би сакал пишаново да има ефект и некој да научи нешто.  Страници наназад го трубам истово со други зборови, ама некако ко да не сака некој да го свати.

djidji: Како мерка за квалитет на бензинот се користи ОКТАНСКИОТ БРОЈ
Се обидов да ти објаснам дека си во заблуда, ама нема везе. Купувај октан бустер, и верувај дека ќе ти иде колата подобро.  ::)

Цитат
gOJDO: Снагата и потрошувачката на гориво и покрај тоа што точиме гориво кое е по-октанско од потребното се должи исклучиво на калоричната вредност, т.е. квалитетот на горивото.
Токму така потрошувачката на гориво на еден ист мотор ќе зависи од калоричноста на горивото, која пак зависи од неговиот квалитет. А не од октанскиот број! Од тие причини со ЕКТО+ горивото наточено во Лукоил автомобилите помалку ни трошат гориво, работат порамномерно и се помоќни во споредба со други бензински пумпи кои исто така продаваат бензин со октански број 95 и 98.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
na toj fordot uste ne mu se stopija ventilite od plinot? posledno sto citav 1.6 i 1.8 motorite (ford) bile mnogu osetlivi na plin.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need