Јас знам дека на обичен(фабрички) мотор со наточено гориво од Лукоил/Макпетрол не се добива ама баш ништо со ниту еден октан бустер. Дури ни кај мотори со висок степен на компресија каде од гориво со мала октанска вредност може да дојде до самозапалување, како на пример мојава Mazda 6 1.8 со 10.8:1 компресија. Мерено е и на меѓузабрзувања, мерено е и на штоперица, мерено е и со друга мапа (направен ремап) и без неа(вратени фабрички мапи). Нема никаков ефект октан бустерот.
Што се однесува до квалитетот на плинот, има разлика од една пумпа до друга пумпа. Немора да се оди во странство. Има разлика и на исти пумпи зимисока и летоска. Различен е соодносот на пропан со бутан и различна е порцијата на останати гасови и ѓубре.
За тестирање на дизел горива имаме негде и тема на форумов. Др. Димитријевиќ (ака СалеСк) правеше подетални анализи во лабораторија. Пожелно е да се искаже.