Марјан, можеш да земеш душек на кој прекривката му се вади и така да го одржуваш, наместо да купуваш нов.
Инаку, за Дормео и јас имам чуено дека мувлосуваат и тоа од човек што се разбира од проблематиката. Проблем е мемори-пената која не дозволува некоја циркулација на воздух низ неа, што ја прави од старт подложна на мувлосување, на даски или не. Исто така, имам чуено дека пената која ја користат е многу евтина суровина и ножот ни се дере на нас како крајни купувачи.
Колку од ова второво е вистинито, не знам, но во секој случај, треба да земам душек и веќе го исклучив Дормео како опција. Ни креветот ми има добра циркулација, ни собата ми е константна температура (особено лето), па страв ми е да не се сварам над него.
Поздрав