Мојот нов брачен кревет е со сандак долу, меѓутоа нема фиоки кои се отвараат, туку има латофлекс механизам кој се крева и се спушта. Го фаќаш од делот кај нозете и го креваш нагоре како хауба на автомобил, па потоа го спушташ. Самиот механизам е таков што ти го олеснува кревањето и спуштањето на душекот. За жал најголема димензија за латофлекс со овој механизам која ја има кај нас е 180х200, па моравме да си го редуцираме спијачкиот/еб*чкиот простор.
Механизмот може да се вгради во кревети предвидени за таков механизам. Мојот кревет е направен од WoodMark, фирма која се занимава со дизајн и изработка на мебел во Македонија.