Удолниците се симуваат со оној степен на пренос, со кој моторното кочење е доволно за да не се намалува брзината при симнување, а не е мало за да забрзува колата. Нормално со одредени толеранции.. не се сите надолнини рамномерни, па некогаш ќе се додаде гас, некогаш ќе се притисне кочница. Но тоа да не биде постојано „јавање“ на едниот или другиот педал. Тоа е осетот што треба да го има секој возач. И доста често (најчесто) се поклопува со брзината со која ја качуваш угорницата. Веројатно секогаш ќе биде 2 степен на пренос ако имаш тристепен менувач, но со 6 степен менувач, поготово ако се пократки брзините, доста често ќе се јави разлика од една до две брзини. Темпото на качување и на симнување не мора да биде исто барем јас не применувам исто темпо, па соодветно и брзините не мора да се подудараат.
Еве јас сум 19 години со возачка дозвола, Филип вика дека не сум научил да возам, зошто не запишувам со кои брзини качувам за со исти истиот пат да го симнувам. Од кога сум вработен - 2000 година, па до ден денес, просечно годишно поминувам по 18-19.000 км. Досега од совозачите не сум имал ни една примедба дека сум ризичен возач или дека при симнување планини сум ги довел во опасност.
Барам од Филип да објасни зошто јас припаѓам во групата почетници, а тој во групата шоферишта?