Како што повеќето од вас знаат, од Гостивар сум и сум матурант.
Ме задолжија за барање на фотографско студио кое ќе го изврши фотографирањето на матурските слики.
Бегам што подалеку од локалните фотографи затоа што искрено не ги бива за ***. Тие што се добри со камерата се очајни со ретуширањето и компјутерската обработка, и сликите од претходните генерации се „ѓоа со паштета мачкани“.
Ми треба помош околу наоѓање на фотографско студио што воопшто работи со матурски слики, без разлика од кој град се.
Цената на услугата не е воопшто релевантна, поважен е професионалниот однос.
Досега се консултирав со Велештрумф и Дени, резидент фотографите, и од студијата кои ми ги кажаа, единствено Јасмина беа спремни за соработка и веќе добив нивна понуда.
Па дечки, пуцајте!