Ferari е одличен тим тоа секој го знае. Толку години да се одржиш во врвот на F1 циркусот не е лесна работа. Многу од тимовите имале краткотрајни блесоци, сезона, две можеби и три и после ги нема никаде. Или спонзори менуваат или комплетно менуваат снабдувачи на мотори, дизајнерски тимови, се преименуваат, ребрендираат и што уште не.
Тоа што на Ferari му фали во моментов според мене се возачи...! И тоа Возачи со ташаци, а не математичари!
Пројде времето на доминација на 2 или 3 тима во F1 како порано. Со новите правила има повеќе тимови кои се колку толку во кокуренција и можат да помрсат конци скоро на секоја трка. Во времето на Доминацијата на Ферари, Мекларен или Рено, уште после вториот круг се издвојуваа кандидатите за подиум и ако не се случи нешто не предвидено до крајот, разврската беше помеѓу првите двајца или тројца, без поголеми изненадувања.
Е сега нема така, пораснаа пилци поебаа квачка, па никој од никого веќе не се плаши, вози, мава, претекнува, без стравопочит или било какво респект.
Во ваква ситуација на Ферари му требаат нови возачи, не може еден истрошен ветеран како Маса на една третина од трките да е подобар од главниот возач кој конкурира за титула.
Фернандо е плачко и голем калкулант, надуен како и впрочем повеќето славни имиња од F1 но според мене без поголема причина.
Ферари не знае така да игра, Ферари е победнички тим, секогаш кога пробувал да калкулира и преку ситна математика со многу АКО да дојде до победа, се заебувал.
Треба свежа крв во тимот дефинитивно, е сега кој и како од моменталнава плејада на возачи би можел, тоа е друго прашање за поголема дискусија.