Формулите не се нешто особено „автоматизирани“. Немаат тракшн контрол, немаат абс, немаат контрола на дистрибуцијата на силата на кочење, нема контрола на стартот. Недостатокот од овие помагала мене ми е доволен да сметам дека при возењето и тоа како се бараат возачки вештини.
Единствено нешто што е полуавтоматизирано е менувачот и брзината во пит (врло важно)... тоа само по себе не е доволно да се сугерира дека колата сама се вози.
А главна причина поради која марјанот не може да ја потврди информацијата не се годините, туку тоа дека информацијата ја смени. Прво викаше дека модерните камиони правеле повеќе сообраќајќи затоа што биле со помагала, за попосле на шашма да ја смени во тоа дека модерните камиони не прават повеќе сообраќајќи, туку дека и тоа малку што го прават ќе било уште помалку доколку ги немало помагалата. Првото се проверува (и проверката вели дека не е така), а второто е проста шпекулација која не е во доменот на фактографијата и не може да се провери (таканаречено шббкбб). Само би укажал на тоа дека помагала кои го зголемуваат бројот на несреќи не се помагала туку одмагала и дека - доколку е така - би биле експресно испозабранети.
Филозофирањето на професорот (или кој веќе) дека со помагалата возачите се опуштале и возеле поризично отколку без нив, патем, е побиено во повеќе систематски студии, колку и да звучи плаузибилно и логично.
http://www.smithsonianmag.com/science-nature/Presence-of-Mind-Buckle-Up-And-Behave.htmlнакратко: истражувањата покажуваат дека возачите сакаат да ризикуваат и ризикуваат подеднакво со или без безбедносните помагала.
читајте повеќе, мудрувајте помалку!