Автор Тема: Formula 1 - Season 2012  (Прочитано 190087 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2385 на: 11 Јануари 2013, 14:16:03 pm »
Јас мислам дека е вистина, btw кој професор ?

јас мислам дека се живи глупости

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2386 на: 11 Јануари 2013, 15:03:42 pm »
Многу веројатно, зошто инаку професор би споделувал искуства со студенти.
Вака само акците си ги качил, а ние сме се увериле дека човекот прошетал и видел бел свет.

Оф топик беше муабетот, нема потреба да ја труеме темата со камионџии.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2387 на: 11 Јануари 2013, 15:43:27 pm »
Не едитирам за да отиде темата погоре.


Цитат
If new technologies such as lane assist and
monitoring systems such as radar sensing become
implemented and more common place there may be
a reduction in side swipe and lane changing
accidents. However these systems will still be
reliant on the driver reacting in time and taking an
appropriate avoiding action. This technology will
not necessarily reduce confusion for the driver
regarding a strange road environment or road
network, and with mental loads already suggested
as being high the driver interface with any new
technology must be carefully considered
.

Цитат
Legislation requires all new HGVs built since 2003
to be fitted with blind spot mirrors. A recent
European directive requires additional mirrors to be
fitted to all commercial vehicles over 3.5 tonnes
registered after 1
st
 January 2000, and this must be
completed by March 2009. However it is estimated
that the European HGV fleet will only be fully
replaced by 2022. This legislation should hopefully
see a reduction in the number of accidents
occurring, however it is not necessarily addressing
the entire human side of this problem.

Еве Филип ако имаш повеќе време, јас од работа сум па може ќе прочитам покасно: http://www-nrd.nhtsa.dot.gov/pdf/esv/esv21/09-0238.pdf

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2388 на: 11 Јануари 2013, 15:46:39 pm »
Ова не е почетниот став. Почетниот став беше дека „е зголемен процентот на удел во сообраќајни незгоди, затоа што благодарение на сите тие олеснувања и помагала, шоферот изгубил чувство“.

Ова што сега го пасташ е шпекулација за која - да - може да се дискутира. Како нешто што можеби ќе се деси.

Но почетното беше презентирано како емпириски факт. Како нешто што више се десило.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2389 на: 11 Јануари 2013, 15:59:35 pm »
Она што се десило:

- инжењерите низ текот на годините им ја олесниле на шоферите работата - факт.

- шоферите се осеќаат како во дневна соба и забораваат што влечат позади себе мислејќи дека на инжењерите им е тоа работа - факт.

- со осовремување на тешките возила се зголемува процентот на сообраќајќи заради подценување на ситуацијата во која се нашол шоферот мислејќи дека на инжењерите е работа да мислат како ќе се справи камионот во дадена ситуација - факт.

- инжењерите свикуваат конференција за да ги согледаат причините и последиците - факт.

- форумаши на карклуб.мк ќе исправаат влакна со гумен чекан во врска со тоа -факт.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2390 на: 11 Јануари 2013, 16:06:55 pm »
- инжењерите низ текот на годините им ја олесниле на шоферите работата - факт.

ок

шоферите се осеќаат како во дневна соба и забораваат што влечат позади себе мислејќи дека на инжењерите им е тоа работа - факт.

ајде да речеме ок, иако тука реферираме на тоа како се осеќале шоферите што у принцип не спаѓа во фактографија но - ајде - нека пројде и ова

-со осовремување на тешките возила се зголемува процентот на сообраќајќи заради подценување на ситуацијата во која се нашол шоферот мислејќи дека на инжењерите е работа да мислат како ќе се справи камионот во дадена ситуација - факт.

еее тука оп-стоп. За ОВА барав цитати. Треба не само фактографски да се потврди дека тешките возила учествуваат во поголем процент сообраќајќи, туку и дека тој зголемен процент го сочинуваат современи тешки возила. Дури и да се зголемил процентот на сообраќајќи (нешто што допрва треба да се покаже!) попрво ќе да се старите дотрајани канти отколку хиперинженерираните современи возила.

Значи ова не е факт, туку паушална, лична шпекулација која, патем, мене ми нема никаква смисла.

инжењерите свикуваат конференција за да ги согледаат причините и последиците - факт.

За што свикувале конференција? Каков е насловот на конференцијата? Каде се одржала? Кој бил дневниот ред? Еден единствен линк ќе заврши работа!

форумаши на карклуб.мк ќе исправаат влакна со гумен чекан во врска со тоа -факт.

И ова ок.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2391 на: 11 Јануари 2013, 16:09:47 pm »
Имаш 2 зимски гуми, а надвор комбинација од снег и мраз. Треба да одлучиш дали ќе ги ставиш гумите напред на погонските или на задните тркала.
Одговорот на на тоа кај ќе ги ставиш донекаде ќе ти ја долови поентата на мојот оф-топик муабет.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2392 на: 11 Јануари 2013, 16:10:31 pm »
Добро филип како мислиш дека ќе се осеќа некој што од раскантан фап ќе седне во најново волво на пример. Разликата ќе му биде 545234 пати подобра во однос на удобноста, а контролата на камионот би му била да речеме 4-5 пати подобра. Он ќе се води по тие 545234 пати и ќе мисли дека може на снег да вози 100, по кривини да влага со 70-80 и ете ти беља.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2393 на: 11 Јануари 2013, 16:15:40 pm »
За камионите постои ограничување на брзината, и од спејс шатл да му дадат кабина ако вози повеќе од ограничувањето за тешки товарни возила може беља да напраи !

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2394 на: 11 Јануари 2013, 16:30:04 pm »
Добро филип како мислиш дека ќе се осеќа некој што од раскантан фап ќе седне во најново волво на пример. Разликата ќе му биде 545234 пати подобра во однос на удобноста, а контролата на камионот би му била да речеме 4-5 пати подобра. Он ќе се води по тие 545234 пати и ќе мисли дека може на снег да вози 100, по кривини да влага со 70-80 и ете ти беља.

ja само барав линк до статистика кој ќе каже дека современите камиони со разни помагала правеле повеќе несреќи. ништо повеќе. ТОА беше кажано и ТОА ми звучеше будалесто (измислица).

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2395 на: 11 Јануари 2013, 16:38:22 pm »
Не правеле камионите повеќе несреќи.
Правеле шоферите тргнувајќи од фактот дека возат современ камион. До несреќа можеби и немало да дојде доколку шоферот бил 100% присутен на настанатата ситуација, а не да мисли дека современите помагала ќе му ја спасат главата.

2 зимски гуми, може напред, а може и назад.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2396 на: 11 Јануари 2013, 17:09:16 pm »
Правеле шоферите тргнувајќи од фактот дека возат современ камион.

ова е измислица. на некој му има логика и го презентира како факт.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2397 на: 11 Јануари 2013, 17:12:01 pm »
Истата логика е со таа што, ако имаш напред зимски гуми ќе мислиш дека имаш целосна контрола и ќе ти лизне задниот дел.  СКРОЗ ИСТАТА.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2398 на: 11 Јануари 2013, 17:13:09 pm »
Само треба да се потсети на дискусијата.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2012
« Одговори #2399 на: 11 Јануари 2013, 17:14:46 pm »
Истата логика е со таа што, ако имаш напред зимски гуми ќе мислиш дека имаш целосна контрола и ќе ти лизне задниот дел.  СКРОЗ ИСТАТА.

оф леле, денес carclub ме ослабе 2 кила.

во овој тред беше презентирано тврдењете дека возачите на современи камиони прават повеќе несреќи. Не дека МОЖЕ да прават, не дека ИМА ЛОГИКА да прават, туку дека ПРАВАТ. Фактографија која треба да се потврди со ИЗВОР.

Каде е изворот?

Јас ставот дека гумите со боља тракција треба да се секогаш позади можам да го поткрепам со линкови кои експлицитно ќе кажат „да, гумите со поголема тракција треба да се позади“

Чекам линкови кои експлицитно ќе кажат „да, возачите на современи камиони со помагала прават повеќе несреќи“

бреее