Ферари и сезонава ќе си бидат дрва, и во генерален пласман ќе завршат на 6-7 место, пред се ради Маса, пошто кој стигне ќе си го мачка на леб. Алонсо не го коментирам, може да се приклучи кон врвот ама без подршка од вториот возач многу тешко. Мекларен многу јако почнаа, да не го заебеа Хамилтон со второто влагање у пит, ќе имаа 1-2. Исто и Кими го изеде стапот ради сејфти кар, и мислам дека нешто се пожали на болидот по тимското радио, ама не дослушнав, пошто германецот на ртл нешо збореше. Имаше Кими јак старт ама заглави у гужвата на прва кривина, мораше да кочи и низ трева да вози за да избегне судир. Криво ми е за Малдонадо, цело време беа во 1 секунда со Алонсо. Многу ме изнервира оној Перез, го претекнаа него сигурно 5-6 пати, он не претекна никого а заврши во бодови, само ради тоа што му се погоди сејфти кар, па ја изгура трката со едно влагање во пит. И за Шуми ми е криво што му откажа мењачот, али се ова е најава за интерсна сезона

Моја претпоставка е дека Мекларен и Ред Бул ќе се борат за прво место, а Лотус и Мерцедес за трето, Вилијамс ќе праат доста често "упади" во топ 10, а Ферари како што спомнав погоре ќе го јадат стапот ради Маса. Кај возачиве, Хамилтон, Батон и Фетел ќе се борат за титула, Алонсо, Вебер, Кими и Шуми ќе улетуваат од втор план да замрсат сметки. Сепак мислам дека болидите на Ферари, Мерцедес и Лотус не се дораснати доволно да се носат со Мекларен и Ред Бул. Вебер го сместив во вторава група, бидејки е слаб возач, а болидот на Ред Бул не е толку супериорен како лани.