Гледам има одлични познавачи на ИТ Технологијата тука, па би сакал да прашам и јас за совет. Моментално имам лаптоп Acer 5740G, Model MS2286, го користам од 08.2010 год и сум презадоволен, освен што му сменив ХДД пред 2 години превентивно, други проблеми и замерки немам, не е дури ни чистен никогаш. Но лаптопов веќе си ги покажува годините(доста спор е му треба рам, екранов се клати, тежок е....) и му е време за смена, иако не ми се сменува заради сите токени и електронски подписи на него, но ќе мора и со тоа да се замарам после.
Ми треба совет за лаптоп, дали е добро да се земе сега е во ред или има во најава некој добар нов чипсет па вреди да се почека 1-2-3 месеци.
Лаптопот го користам интензивно и секојдневно, секако дома, во канцеларија секојдневно го носам со мене зошто на него и работам, а и кога одам на пат шт е скоро секојдневно го носам во багаж а неретко и на терен. Значи би сакал да е некој издржлив како Ејсеров барем што освен разлабавениов екран нема покажано никаква друга мака. Морално е да има ССД Хард како и што повеќе рам, тоа знам дека може и да се достави така да верувам нема да е голем проблем.
Воглавно го користам за работа на ворд документи(и по неколку наеднаш отворено симултано лево десно работа на екранот сплитнат), корал чат пат но не претерано, сурфање и гледање по јутуб видеа. Значи ништо страшно захтевно но сепак би сакал да е квалитетен и малце појак заради тоа што не планирам да го менувам за брзо. И би сакал да има барем фулл хд добар екран. Заради тоа што секој ден го носам со мене, би сакал да е 15,6 екранот, 17 ми е премногу за манкање со мене.
Буџетот не е ограничен, но мислам дека до кај 40-45к макс ќе се најде добар.
Совети и предлози за модели се добредојдени
