А како може чоек да се заштити од ваква напаст?
Наспроти тоа што ти го напишаа, здрави интернет навики нема секогаш да те спасат од заразување со вакви црви и вируси. Прво малверот може да го има и во самите веб страници на сосема „нормални„ сајтови. Може да те зарази и само сурфање на сосема нормална страница, без да симнуваш па после отвараш фајлови).
Второ, антивирус софтверот работи и препознава малвер само онолку добро, колку што има информации во неговите бази и дефиниции. Освен тоа, џабе е и најдобриот антивирус на светот ако истиот е наместен да го прашува корисникот за проблемите, а корисникот инсистира да клика YES YES YES. Tи можеби не си таков, ама се кладам дека макар накратко некогаш на твојот компјутер сендуваат и неискусни луѓе (или деца).
Значи многу зависи од антивирусот и тоа како е конфигуриран да постапува. Исто за обични секојдневни корисници што не се бавтаат многу со разни програми од секаков вид, добри се и "security" пакетите каде покрај антивирус има и добар firewall, и поважано: HIPS софтвер (Host Intrusion Prevention System) кој има интелегентна и опфатна база за програми (за да не замара со премногу прашања). Ова може да предизвикува фолс-позитив препознавања, ама за стандардни секојдневни корисници тоа и не е некој проблем.
Моја препорака се "security" пакетите на Битдефендер и Касперски (евентуелно и Нортон).
Покрај сето ова има уште едно нешто, кое всушност е и најделотворно нешто против малвер. Јака шифра за административниот акаунт плус СЕКОЈДНЕВНА РАБОТА ПРЕКУ АКАУНТ БЕЗ НИКАКВИ АДМИН ПРИВИЛЕГИИ (наместен сам да се вклучува со аутологин). Ако мора да се одвои само едно нешто за сигурност на РС, тогаш ова е тоа.