Е сеа, на десктопот имам Битдефендер, ама обичен Антивирус, не е секјурити пакет... Доволно добар е, или би било попрепорачливо да го земам целиот пакет?
...
Кај невестата на лаптопот има само она на Мајкрософт, како год се викаше... Тоа брка работа, или не баш?
Можеш да додадеш некој firewall + HIPS, мој (бесплатен) предлог е:
http://www.zonealarm.com/security/en-us/zonealarm-pc-security-free-firewall.htmНо спреми се да те замара некое време додека не го „научиш„ што е безбедно од поегзотичните програми кои ги користиш.
Добар си е Битдефендер, всушност секогаш води на тестирањата (башка и помалку ресурси фаќа, од конкуренцата (озбилната)). Фул верзијата е сосема ОК, ако парите не те одбиваат (пошто има и ОК бесплатни алтернативи)
Микрософтовиот АВ е страње. Некој ќе каже подобро е од ништо -јас велам дека не е така, можеби подобро е ништо пошто така барем знаеш дека
не си заштитен. Авира, Аваст, АВГ, Панда... бесплатните верзии од овие се неспоредливо подобри од микро$офтовиот aв.
Имаш бесплатна верзија и од Битдефендерот, маана и е што нема никакви подесувања, на пример ако најде малвер одма го брише и не те ферма не те ни прашува што да направи (ова може да биде и предност, зависи како гледаш на тоа). Да, тоа може да биде и сосема валиден и безбеден киген или крак... но прашај го @Allexxander дали сега би се согласил со таков компромис?

Јас бесплатниот Битдефендер редовно го препорачувам и инсталирам кај пријатели/роднини кои не сакаат да плаќаат за АВ (99% од случаите, вклучувајќи ме и мене). Нема потреба од подесувања, и работи ОК и поуздано.
Но мора уште еднаш да нагласам дека она што ти (и 90% од корисниците на РС) го пропушташ е:
Покрај сето ова има уште едно нешто, кое всушност е и најделотворно нешто против малвер. Јака шифра за административниот акаунт плус СЕКОЈДНЕВНА РАБОТА ПРЕКУ АКАУНТ БЕЗ НИКАКВИ АДМИН ПРИВИЛЕГИИ (наместен сам да се вклучува со аутологин). Ако мора да се одвои само едно нешто за сигурност на РС, тогаш ова е тоа.
Се работи само за правење на нов обичен (рестриктиран, не-админ) јузер акаунт, и подесување по дифолт да се логира. На админ јузерот ставање појака шифра (бар 10тина карактери, мали+големи букви+бројки, плус некој специјален карактер).
(зошто колку е проблем да се логираш на админ акаунт еднаш-у-незнам-колку-време за понекогаш да инсталираш нов програм)