Циркулацијата на воздух несомнено ќе се подобри, но со тоа и влегувањето на ѓубре. Но секако вреди за цената од два вентилатори (било какви), и секако минимум еднаш годишно треба да се продувава куќиштето со компресор. Два пати е уште подобро.
Некој може ќе спомне филтри пред вентилаторите, што е добра шега... 
Сакам да го подобрам протокот на воздух, пошто компјутерот у ќош ми седи, кај што нема многу природно движење на воздух. Башка е ниско, на 10ина сантиметри од подот.
Ако не сакаш да ти се собира многу прашина ти треба куќиште со филтер пред отворите за вшмукување на воздух. Филтрите се извлекуваат од време на време за да ги исчистиш. На поновите куќишта најчесто ги има на долната страна каде што влече воздух вентилаторот за напојувањето и пред предните вентилатори.
Јас имав проблеми со висока температура на процесорот во лето, монтирав 12cm вентилатор на задната страна да го вади топлиот воздух и се нормализираше состојбата.
Не гледам поента во ставање на вентилатор кој внесува воздух во куќиштето, ако немаш филтер пред него. И да го нема, воздухот пак ќе си влегува низ ситните дупчиња (а со него и прешина). Поентата на тие вентилатори би била да контролираш колку толку од каде влегува најголем дел од воздухот за да можеш да го исфилтрираш.
За не-гејмерски компјутер доволен е еден вентилатор на задна страна, најголемиот што го собира (поголем вентилатор, повеќе воздух со помалку вртежи и со тоа помала бучава).
Куќиштето е прилично старо, па чисто сумњам дека има вградено било какви филтри. Иначе претпоставливо би било, ако ставам усисувачки вентилатор, да има потреба од филтер, пошто така има да бута прашина и ѓубре внатре. Мала дигресија - со вентилатор за лаптоп (оние за у скут), си направив беља и ми рикна лаптопот пошто копилето форсирано буташе прашина и влакна (јеби га, куче имам) во лаптопот. Вчера видов колку само „вуна“ се имаше нафатено помеѓу вентилаторот и мрежичката врз која седи лаптопот. Нидлес ту сеј, го лупнав од земја, иако задоцнето. Како и да е, верувам дека ќе бидат потребни некакви филтри доколку ставам таков вентилатор.
Не е гејмерски компјутерот, не играм игри веќе извесно време, па се мислам за тоа што викаш, да ставам само еден кулер позади, да извлекува топол воздух надвор.
Дали дополнителен вентилатор многу би го оптоварил напојувањето, или не е до толку?