
Кај мене е ваква ситуацијата (не е баш исто куќиштето како на сликава, ама доволно е слично колку за референца):
- Напред има простор да се стави intake вентилатор (би рекол 8цм преку сила), под power копчето;
- Страничниот отвор постои, нема ништо монтирано на него. Спроти него внатре е процесорот со неговиот кулер (Glacial Tech Igloo);
- Нешто пониско (отприлика кај „решетката“) е графичката, која има сопствен кулер кој дува надолу;
- На задната страна има кружен мрежаст отвор каде што може да се упасира exhaust кулер (мислам дека може и 12цм да фати), каде што во моментов нема ништо.
Напајањето со својот кулер си е посебна прича.