Едно прашање, лаптопов во последно време ми стана многу спор, спор во смисла дека многу поспоро реагира на командите кој му ги задавам(префрлање прозорци, исклучување апликации и сл). Првен мислев дека е софтверски и го форматирав но повоторно ги имам истите проблеми, помало е чекањето сега после форматирањето но сепак не работи како што работеше и многу ме нервира. Што би можело да биде проблемот? Јас типувам на хард диск и ако сум сигрен дека е тоа уште одма би го сменил,, но несакам да брзам и сакам да чујам и други мислења. Дали би можело да е до кондензатори на матична и слични глупости?
Лаптопот е Acer Aspire 5740G(I5 M430, 4GB Ram, ATI HD 5650 1GB, HDD 640 GB), стар е над 5 години и досега сум немал со него никави проблеми и ниеднаш не е отворан.