Баче јас половен диск не би купувал. Не би ни продавал, кога сме веќе таму, пошто ако се деси нешто (а се дешава) и двете страни ќе ги јаде јанѕа.
Иначе пред скоро и јас се мислев што да земам, а ипак не земав пошто испадна дека напојувањето ме заебава, или САТА кабелот... (не знам за сигурно пошто ме мрзеше да ги тестирам едно по едно)

Муабетот по странскиве форуми (читав малку) е следново: за системски диск немој Green WD, тие се наменети за втор, сториџ диск. Фирмверот им е таков да по кратко време ги паркира главите, за да се штеди енергија.
За таа намена, за системски диск, на ИТ форумите препорачуваат плав (или црвен) WD. Сигејт се некако со највисок процент на кварови. Хитачи некако најстабилни најтрајни дискови имаа, ама WD ги купи (па ја наследија технологијата). Преостанува WD.
Јас конкретно ќе купев WD blue, и иако испадна дека не ми треба пак ќе земев да имаа од 2 терабајти модел (1тб има).
8GB
Ајде нека се угоде, сигурно им се паметни тие алгоритмите во фирмверот... а брзински тестови за хибриди ич не сум гледал.