А да имаш совршено функционална машина во шасија од лаптоп и да можеш да ја носиш со себе каде и да сакаш?
Ако имаш потреба само од сурфање, слушање музика, имејлови и слично тогаш совршено ќе ти фукнционира ноутбук со мојон i7 @2.8GHz, 8GB DDR3, Quadro 2000M, 256GB SSD. Но ако планираш да рендерираш тогаш не постои алтернатива на шестјадрен i7 оверклокуван на 4.xGHz, ниту пак алтернатива на било која една било какава performance графичка картичка, а не пак на повеќе high-end графичка. Исто така не постои алтернатива за повеќе SSD-а (2 врзани во RAID 0 на соодветен контролер со trim support) и повеќе хард-дискови каде би ги чувал податоците и би правел бекап на истите. Исто така не постои можноста од имање на повеќе монитори кои ќе работат на 2560x1600 резолуција, всушност ретко кој лап-топ (можда еден модел на 50) има барем еден DVI излез кој може да прикаже резолуција поголема од 2048х1536. Да не зборам за бројот и видот на мрежните карти, бројот на USB контролери и порти и т.н.
Прекинете да мешате баби и жаби, и ноутбукот и десктопот и воркстејшнот си имаат свои незаменливи намени.
И овде не зобруваме за маргинални разлики. Зборуваме за 3-10 пати, па и повеќе пати, поголеми пеформанси на воркстејшнот во однос на ноутбукот.