Филип, понекогаш мислам дека ги немаш годините...
До сега во животов сум поседувал над 15 квалитетни dedicated звучни картички(меѓу кои SB 16, SB AWE32, SB AWE64, Turtle Beach Tropez, SB Live!, Audigy 2, SB X-Fi XtremeMusic, Xonar STX) од кои некои ги имам модирано за да добијам уште подобра репродукција на звук, при што разликите биле евидентни. Звучната која сега ја поседувам има сокети за операциските засилувачи, така што по желба можеш да ги замениш со други за да добиеш поразлично обоен и дефиниран звук во зависност од типот на музика кој го слушаш и како сакаш да звучи истата. Читај ги луѓето колку пластично ги опишуваат разликите кои се добиваат со само промена на операциските засилувачи на една иста звучна картичка (со истите филтри, истиот DAC и истиот процесор).
Покрај тоа сум слушал музика/аудио на можеби 100 onboard-и. Секогаш многу јасно сум ги воочувал разликите помеѓу onboard-ите и квалитетните звучни. А посебно слушајќи едни исти нумери на една иста опрема (звучници и појачало).
Така да твоите коментари за тоа дека немало разлика од звучна до звучна ми се смешни. Понтамошна расправија со тебе на темава ми е безсмислена затоа што зборуваш на памет, а дури и да докажам нешто, ти не си подготвен да го примиш како ново сознание и ќе си останеш и понатаму со своите зациментирани ставови.
@Krell
Што се однесува до дружбата за преслушавање предложете време и место и кажете што треба да донесам со мене.
Твојата ASUS звучна карта, ја тестирав 10 -тина дена, и ја споредив во поглед на квалитет на звук со разни CD Playeri од брендови како Marantz, DENON, Rotel.. Можам да потврдам дека квалитетот на репродукција е на ниво на CD Playeri во ранг од 1000-1500 еур.
Тоа со промена на opamp овите е многу добар штос на АСУС. Дури и препорачуваат кој OpAmp да го употребиш за да добиеш посакувана карактеристика на звук (по отворен звук, подобра сцена, по детален...). Од компјутерските фирми ASUS сконтаа како се прави добар DAC / Sound Card и очекувам во наредниве години сериозно да загазат во аудиофилски води во поглед на квалитетни компоненти (и да ја спуштат цената на фирмите како McIntosh, Krell, барем во поглед на DAC -ovi). Инаку како и јас го надоградив мојот сетуп од тогашното тестирање, а го немав ни Benchmark Dac -ot многу би сакал да направиме споредба на твојата ASUS картичка во однос на Benchmark Dac -ot што го користам, и во однос на Musical Fidelity V-DAC ii што исто го користам (ова е компонента што си ја продадов кога го купив Benchmark -от бидејќи ме гризеше совест и демек ај да продаам нешто од опремата).
Почна да ми фали, па го нарачав пак

. После некое време купив некаков кабел и пак почна да ме гризе совест, и повторно си го продадов V-DAC -ot. Пред месец дена пак го нарачав и решив дека веќе нема да го продавам.. За цената од 250 еур, не сум слушал подобар DAC (подобро звучи и од многу поскапи што имав прилика да ги слушам).
А за дискусијата и убедувањето на Филип е ко да кажеме дека нема поента меѓу Лада и Ферари бидејќи е маркетинг и шминка.
Филип има разлика и тоа голема..
И сериозно.. За да може сериозно да сватам дека имаш некаков критериум на тестирање, те молам опиши ми како точно ја правиш споредбата од Sound картича до Sound картичка?
Кои звучници ги користиш?
Кое појачало?
Кабли?
Кој Материјал?
Како го избегнуваш миксерот и Volume control на Windows -ot (ако користиш Windows), бидејќи сите тие работи влијаат дали слушаш една компонента како треба или не?
И ако не можеш да осетиш разлика во квалитет на звукот на онбоард картичка (при тоа исто не наведуваш кој codec, кој чип точно, за тебе сите онбоард картички се исти), што ги пренесува сите шумови од едно просечно PC споредено со нешто што е порафинирано, сериозно ќе помислам дека таа споредба ја правиш тотално погрешно, во погрешни услови и на погрешна опрема плус со голема доза на предрасуда (да немаш предрасуда ќе те натера да се прашаш што грешиш во тестирањето па да пробаш да промениш).
Исто ја прекинувам дискусијата на оваа тема бидејќи е тотално бесполезно.
поздрав
Дарко
P.s. @FilipV доста гуглаш. СЛУШАЈ, ИСКУСИ, ОСЕТИ...