Филип, понекогаш мислам дека ги немаш годините...
До сега во животов сум поседувал над 15 квалитетни dedicated звучни картички(меѓу кои SB 16, SB AWE32, SB AWE64, Turtle Beach Tropez, SB Live!, Audigy 2, SB X-Fi XtremeMusic, Xonar STX) од кои некои ги
имам модирано за да добијам уште подобра репродукција на звук, при што разликите биле евидентни. Звучната која сега ја поседувам има сокети за операциските засилувачи, така што по желба
можеш да ги замениш со други за да добиеш поразлично обоен и дефиниран звук во зависност од типот на музика кој го слушаш и како сакаш да звучи истата. Читај ги луѓето колку пластично ги опишуваат разликите кои се добиваат со само промена на операциските засилувачи на една иста звучна картичка (со истите филтри, истиот DAC и истиот процесор).
Покрај тоа сум слушал музика/аудио на можеби 100 onboard-и. Секогаш многу јасно сум ги воочувал разликите помеѓу onboard-ите и квалитетните звучни. А посебно слушајќи едни исти нумери на една иста опрема (звучници и појачало).
Така да твоите коментари за тоа дека немало разлика од звучна до звучна ми се смешни. Понтамошна расправија со тебе на темава ми е безсмислена затоа што зборуваш на памет, а дури и да докажам нешто, ти не си подготвен да го примиш како ново сознание и ќе си останеш и понатаму со своите зациментирани ставови.
@Krell
Што се однесува до дружбата за преслушавање предложете време и место и кажете што треба да донесам со мене.