За лептирот збореше глупости, т.е. работи кои погрешно си ги сватил. И ако сеуште мислиш дека од отвореноста на лептир клапната зависи колку воздух на секој вртеж ќе влезе во усис тогаш сеуште ти се тотално нејасни.
"In a gasoline internal combustion engine, the throttle is a valve that directly regulates the amount of air entering the engine"
Да, да, мене ми се тотално нејасни, а и на википедија не пишува тачно. Класика... Да, друже, тоа што го пишав сеуште го мислам. Не мислам дека лептирот е единствен фактор како што ме сфати ти, но директно оредува колку ваздух ќе влезе (нешто може да биде директен, но не и единствен фактор). Нејсе, да се вратиме на аудиото, за лептирот може у друга тема ако сакаш.
Зборувам за динамика, т.е. колку звучната е способна да ја прати зададената динамика на каналите со звуци кои треба да ги обработува. На пример ако слушаш една нумера од вистински инструменти (бубњеви, гитара, саксофон, хармоника и т.н.), секој инструмент ќе генерира своја звучна крива кои криви се суперпонираат во резултантна(сумарна) крива. Колку издиференцирани ќе бидат инструментите во сумарната крива зависи од тоа колку прецизно и во колку кратки интервали (Колкаво делта) може звучната да ги смикса и отсвири.
Колку ќе бидат издиференцирани инструментите нема
совршено никаква врска со способноста на звучната или со кој било плејбек медиум. Има врска
само со вештината на продуцентот, музичкиот аранжман и квалитетот на снимањето во студиото (колку се добри микрофоните и претпојачалата). Веруј. А она „прецизно“ „кратки интервали“ и „делта“ немам појма што ти значи, а верувам ни ти самиот. Може некој линк за „колкаво делта“ во контекст на звучна картица да ми пуштиш? Баш би прочитал.
Исто така, би прочитал и некој матерјал во кои се зборува за „динамика“, ама одвоено од „динамички опсег“, во друг контекст.
Притоа миксањето не е константна карактеристики
И ова не знам што ти значи.
бидејќи кривите се создадени од многу хармоници кои пак хармоници се создадени од безброј мали елементарни делчиња. Колку помали се тие елементарни делчиња и колку по прецизно звучната може да ги смикса до толку по издефиниран ќе биде звукот,
Се разбира дека секој звук е сочинет од фундамент и хармоници, но секоја звучна која може да го опфати опсегот од 20Hz до 20kHz (значи,
секоја звучна) без проблем ги репродуцира сите, па и најситните „делчиња“. Ако не може да ги опфати, значи дека не го опфаќа целиот чуен спектар. Последна таква за која што знам беше првиот, осум-битен саунд бластер (тој имаше опсег до кај 11 kHz, 8 бита моно).
односно ќе има толку поголема динамика.
Не, друже, ништо од ова нема везе со динамика, си ги помешал лончињата малце. Динамика се однесува на гласност и шум и толку. Освен ако „динамика“ не го користиш со некое слободно, колоквиајлно значение. Во аудио се знае што е динамика и не е ова што го објаснуваш.
1) Ако слушаме песни од мастеринзи кои јас ги слушам на мојата опрема ќе познаам веднаш дали е на Xonar STX или на друга звучна.
Нема, и ај да се кладиме.
Дури и кога не би знаел да погодам која звучна е која, тоа не значи дека не постои разлика во квалитетот на звукот, односно веродостојноста на неговата репродукција.
И ете ги, почитувани гледачи, класичните аудиофилски небулози, кои мантраат за „динамика“ „чистина“ „слаткоча и кристализација“ природен мек тврд курац палац звук, ДУРИ и тогаш кога ЕМ самите не го препознаваат при слеп тест, ЕМ сета аудио теорија вели дека нема значајна разлика. Но не, тоа на аудиофилите не им значи ништо. Битно БОЉЕ е, дури и кога не е.
Може ако ти погодам над 50% ти да ми дадеш 1000 евра?
51? :-)
ќе напраиме математика (се знае како се прави тоа) која ќе каже колку треба да погодиш за да имаме статистичка сигнификантност, т.е. да кажеме дека „да, стварно има разлика која гојдо ја слуша“. Ама да си знаеш, тоа ќе треба да биде значајно повеќе од 51 посто. Уствари, ако разликата навистина е „ден“ и „ноќ“ не треба речиси ниту еднаш да утнеш, или утките да ти бидат исклучително ретки, така?
Не е јачината, туку чистината.
Да, да, чистината, рајт... Чистина која НЕ Е однос сигнал-шум, НЕ Е отсуство на хармонски дисторзии, уствари не е ништо ниту мерливо ниту чујно. Али нема везе, важно е тука. Чистината, заедно со слаткочата и кристализацијата.
Вакви муабети сум се изнаслушал. За елузивни квалитети кои НИТУ се мерливи (во кои единици се мери издвоеноста на инструментите?) НИТУ се чујни (на блајнд тестови аудиофили паѓаат ко зрели крушки ре-дов-но!). Али се тука. Аудиофилска религија.