aaaaa ќе се караме! за лептирот и сапуните ти (полу)преќутев, али за ова...
сакаш? ти се дискутира на оваа тема? ти се отвара оваа конзерва со црви?
1) Под чистина на звук се подразбира што помало изобличување на дадениот излезен звук во однос на оној во дигитална форма кој бил предмет на обработка
покажи ми еден онборд кој чујно дисторзира и ќе ти дадам 1500 денара + ручек.
2) Под SNR се подразбира што помалку репродуцирани шумови кои не се генерирани од звукот кој се обработува во севкупниот излез во однос на она кое треба да се чуе.
Не. Ова што сега го пишуваш под точка 2. е уствари точка 1 (хармонски изобличувања). SNR е просто oдносот (разликата во јачината) помеѓу сигналот и шумот. Помалку шум = повисок SNR.
3) Под поголема динамика се подразбира можноста на звучната карта да генерира што повеќе различни фрекфенции со различни интензитети, односно можноста да дадат на излез звук кој содржи што повеќе прецизно отсвирени информации.
Динамички опсег нема точно никаква врска со фреквенциите. Динамички опсег е просто МАКСИМАЛНИОТ SNR, т.е. односот помеѓу најјакиот и најтивкиот сигнал (а колку ќе биде јак најтивкиот сигнал е одредено со прагот на шумот)
Не е точно тоа кое го зборуваш. Разлика ќе примети било кој, но нема да може да процени кој звук е поквалитетен. Тоа е така затоа што човекот е субјективно суштество кое се привикнува на звукот. Но затоа постои опрема која може да го измери добиениот звук и да направи споредба. Поентата на квалитетната аудио опрема е да даде што е можно пореална слика на оригиналниот звук без да го обојува и изобличува, така што кога ќе слушаш на две ралзични места на квалитетна опрема тоа што го слушаш да звучи исто/слично, а не различно.
Ајде вака: јас (или ти ако не те мрзи, сеедно!) ќе спремам стотина аудио-клипчиња со најразлична музика, може и по твој избор. Потоа, најди го најлошиот онборд што си у стање да го најдеш и најдобрата звучна што си у стање да ја најдеш. Потоа, на опрема по твој избор (може и кај тебе дома) ќе ти пуштам од тие клипчињата без да гледаш дали звукот иде од „тиња“ онборд или од „јака“ звучна.
Ти треба да погодуваш кое клипче од кај е пуштено.
Доколку твојот success rate тежнее кон 50% (значи, слично на мајмунче кое рандом бира) ми даваш 1000 евра. Може?
Кај мене разлика од онборд до не-онборд е дење и ноќе, и покрај тоа што имам одличен онборд (SupremeFX III + Creative EAX5).
сигурен си дека „дење“ не е просто погласно а „ноќе“ просто потивко?
Треба ја да си најдам звучна..
Ако ти е заслушање музика - не се мачи за џабе. Не е битно колку скапа хифи опрема имаш. Само набави си добри кабли со добри конектори, внимавај на gain staging и цепај.