Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1235728 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2655 на: 11 Април 2013, 13:55:08 pm »
Се осеќа море..

што се осеќа? дека на тројка е погласно од „добрата“ аудио карта отколку од „лошиот“ онборд?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7690
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2656 на: 11 Април 2013, 14:02:11 pm »
Не се исти!

1) Под чистина на звук се подразбира што помало изобличување на дадениот излезен звук во однос на оној во дигитална форма кој бил предмет на обработка
2) Под SNR се подразбира што помалку репродуцирани шумови кои не се генерирани од звукот кој се обработува во севкупниот излез во однос на она кое треба да се чуе.
3) Под поголема динамика се подразбира можноста на звучната карта да генерира што повеќе различни фрекфенции со различни интензитети, односно можноста да дадат на излез звук кој содржи што повеќе прецизно отсвирени информации.
Не го разбрав делот со дисксуијата дали навистина е така...

Во однос на собата:
Не е точно тоа кое го зборуваш. Разлика ќе примети било кој, но нема да може да процени кој звук е поквалитетен. Тоа е така затоа што човекот е субјективно суштество кое се привикнува на звукот. Но затоа постои опрема која може да го измери добиениот звук и да направи споредба. Поентата на квалитетната аудио опрема е да даде што е можно пореална слика на оригиналниот звук без да го обојува и изобличува, така што кога ќе слушаш на две ралзични места на квалитетна опрема тоа што го слушаш да звучи исто/слично, а не различно.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2657 на: 11 Април 2013, 14:03:23 pm »
@filipv
Имам два пара Creative, едните се 2.1 другите 6.1, вториве се поврзани на онборд а првите на звучна картица creative, има разлика во чистината и дефинираноста на звукот без разлика дал е висок тон или бас.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7690
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2658 на: 11 Април 2013, 14:17:14 pm »
Кај мене разлика од онборд до не-онборд е дење и ноќе, и покрај тоа што имам одличен онборд (SupremeFX III + Creative EAX5).
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2659 на: 11 Април 2013, 14:21:07 pm »
Треба ја да си најдам звучна..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2660 на: 11 Април 2013, 14:31:47 pm »
aaaaa ќе се караме! за лептирот и сапуните ти (полу)преќутев, али за ова...

сакаш? ти се дискутира на оваа тема? ти се отвара оваа конзерва со црви?

1) Под чистина на звук се подразбира што помало изобличување на дадениот излезен звук во однос на оној во дигитална форма кој бил предмет на обработка

покажи ми еден онборд кој чујно дисторзира и ќе ти дадам 1500 денара + ручек.

2) Под SNR се подразбира што помалку репродуцирани шумови кои не се генерирани од звукот кој се обработува во севкупниот излез во однос на она кое треба да се чуе.

Не. Ова што сега го пишуваш под точка 2. е уствари точка 1 (хармонски изобличувања). SNR е просто oдносот (разликата во јачината) помеѓу сигналот и шумот. Помалку шум = повисок SNR.

3) Под поголема динамика се подразбира можноста на звучната карта да генерира што повеќе различни фрекфенции со различни интензитети, односно можноста да дадат на излез звук кој содржи што повеќе прецизно отсвирени информации.

Динамички опсег нема точно никаква врска со фреквенциите. Динамички опсег е просто МАКСИМАЛНИОТ SNR, т.е. односот помеѓу најјакиот и најтивкиот сигнал (а колку ќе биде јак најтивкиот сигнал е одредено со прагот на шумот)

Не е точно тоа кое го зборуваш. Разлика ќе примети било кој, но нема да може да процени кој звук е поквалитетен. Тоа е така затоа што човекот е субјективно суштество кое се привикнува на звукот. Но затоа постои опрема која може да го измери добиениот звук и да направи споредба. Поентата на квалитетната аудио опрема е да даде што е можно пореална слика на оригиналниот звук без да го обојува и изобличува, така што кога ќе слушаш на две ралзични места на квалитетна опрема тоа што го слушаш да звучи исто/слично, а не различно.

Ајде вака: јас (или ти ако не те мрзи, сеедно!) ќе спремам стотина аудио-клипчиња со најразлична музика, може и по твој избор. Потоа, најди го најлошиот онборд што си у стање да го најдеш и најдобрата звучна што си у стање да ја најдеш. Потоа, на опрема по твој избор (може и кај тебе дома) ќе ти пуштам од тие клипчињата без да гледаш дали звукот иде од „тиња“ онборд или од „јака“ звучна.

Ти треба да погодуваш кое клипче од кај е пуштено.

Доколку твојот success rate тежнее кон 50% (значи, слично на мајмунче кое рандом бира) ми даваш 1000 евра. Може?

Кај мене разлика од онборд до не-онборд е дење и ноќе, и покрај тоа што имам одличен онборд (SupremeFX III + Creative EAX5).

сигурен си дека „дење“ не е просто погласно а „ноќе“ просто потивко?

Треба ја да си најдам звучна..

Ако ти е заслушање музика - не се мачи за џабе. Не е битно колку скапа хифи опрема имаш. Само набави си добри кабли со добри конектори, внимавај на gain staging и цепај.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2661 на: 11 Април 2013, 14:43:10 pm »
Ајде вака: јас (или ти ако не те мрзи, сеедно!) ќе спремам стотина аудио-клипчиња со најразлична музика, може и по твој избор.

Ти можно е да имаш и најквалитетна звучна карта но ако квалитетот на снимката не е доволно добар тогаш нема да се осети никаква разлика меѓу онборд и екстенж'н картицата во поглед на квалитет. Затоа нема логика секој дома да има квалитетна картица зошто аудио снимките out there не се со кој знае каков квалитет.

Ако професионално работиш со аудио продукција тогаш има логика.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2662 на: 11 Април 2013, 14:46:30 pm »
Ти можно е да имаш и најквалитетна звучна карта но ако квалитетот на снимката не е доволно добар тогаш нема да се осети никаква разлика меѓу онборд и екстенж'н картицата во поглед на квалитет. Затоа нема логика секој дома да има квалитетна картица зошто аудио снимките out there не се со кој знае каков квалитет.

Се согласувам. Затоа и реков дека аудио-матерјалот (заедно со опремата, просторијата и што-веќе-сака) може да го бира гојдо. Најквалитетното што го има нека го приложи. Сигурно нема да тестираме со снимки на касети од AM радио или со youtube...

Јас овој експеримент сум го правел веќе два пати, меѓу другото и со рипови од винил (додуша, тогаш не докажував дека онборд свири подеднакво добро ко скупа звучна, туку дека 96/24 не звучи ни тронка боље од 44.1/16. Teстовите беа извршени во болин на најскупата опрема што у моментот ја имаа во салон. Но методот е тој)

Ако професионално работиш со аудио продукција тогаш има логика.

Работам аудио продукција више оу-мај-год 20 години.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43919
  • Il Moderatore
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2663 на: 11 Април 2013, 14:50:23 pm »
квалитетот на DAC-овите во дедицираните аудио картички може да биде повеќекратно подобар од квалитетот на он-борд „компромис DAC колку да го има“.  Ова има огромно влијание во субјективниот осет за „квалитет на звук“.  Јас верувам дека кај дедицираниот (mid/end) хардвер повеќе се внимава на „ситници“ како „пеглање“ на напон, подобри проводници, поквалитетни DAC-ови, поквалитетни вградени конекторчиња, и сл. работи кои може да придонесат до разлика „дење“ и „ноќе“.

Ако немам потреба од конвертирање на дигиталниот сигнал - туку таков го праќам до надворешен процесор (преку коакс или оптички кабел), не ми е битно ништо друго, само да биде секој бит испорачан до надворешниот уред.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2664 на: 11 Април 2013, 16:02:12 pm »
Филип, оптерети звучки до максимум на онборд ко кокошки у кланица звучат.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2665 на: 11 Април 2013, 16:09:19 pm »
Филип, оптерети звучки до максимум на онборд ко кокошки у кланица звучат.

зборење врз база на рекла казала слично на бугар

Ако матерјалот звучи ко кокошки у кланица исто така ќе звучи и на RME UFX од 2500 евра.

Aко матерјалот е квалитетен, ќе звучи џам и на најевтиниот ДЕНЕШЕН онборд.

и не туку се расфрлајте со аудиофилски небулози туку ставајте пари на блајнд тест кладба!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2666 на: 11 Април 2013, 16:15:50 pm »
Ми се допаѓа насоката на Филип во овој поглед. Доколку не се потребни повеќе канали од што има вградената, не гледам конкретна причина за вградување на додатна звучна картичка.
Но ако е потребен звучен процесот за изменување на сигналот во живо, односно без каснење, тогаш соодветна звучна картичка е одличен избор.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2667 на: 11 Април 2013, 16:38:21 pm »
Но ако е потребен звучен процесот за изменување на сигналот во живо, односно без каснење, тогаш соодветна звучна картичка е одличен избор.

во денешно време на супербрзи мулиткор процесори дури ни за ова (риалтајм процесирање) не е потребнo ништо повеќе од најефтиниот онборд звук, пошто постои ASIO4ALL. Сите замисливи DSP перверзии денешните пентиуми ги работат ко од шала, со едноцифрен број милисекунди латенција.

Аудио борбите на компјутерите се водеа до пред 10-15 години. А денес више нема ништо од тоа везе.

Во денешно време има потреба од посебна, шик звучна картичка само во некое овие сценарија:

1. Сакаш висококвалитетно СНИМАЊЕ на екстерен аналоген сигнал.
2. Сакаш повеќеканално снимање и/или плејбек (мада повеќеканален плејбек има кај многу онборд звучни во форма на разни surround имплементации кои со ASIO4ALL можат лесно да се трансформираат во 2-3 независни „аудио картички“)
3. Ти треба некој егзотичен аудио интерфејсинг како ADAT или балансирани излези за екстерно миксање
4. Имаш кондензаторски микрофони на кој им треба phantom power и соодветни претпојачала, па зимаш аудио карта со микрофонски влезови

толку. крај. Ако не се наоѓаш во некоја од овие 4 точки - не фрлај пари за џабе.

гојдо, ако шиткаш звучни - ајм сори, требаше да кажеш да ќутам.

http://en.wikipedia.org/wiki/ASIO4ALL
« Последно менување: 11 Април 2013, 16:55:51 pm filipv »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2668 на: 11 Април 2013, 17:01:42 pm »
Се согласувам. Затоа и реков дека аудио-матерјалот (заедно со опремата, просторијата и што-веќе-сака) може да го бира гојдо. Најквалитетното што го има нека го приложи. Сигурно нема да тестираме со снимки на касети од AM радио или со youtube...

Композиторот Љупло Трајковски Фис ми е комшија и пријател. Се сеќавам 2000та година кај него монтирав Creative SoundBlaster AWE 64 GOLD. СО Наум Петрески ја купија заедно ако не се лажам 1500 евра (3000 марки) само картицата.

Тогаш видов како на Gigabyte dual socket матична плоча опремена со RAM drive беа миксани 16 аудио канали а на секој аудио канал имаше по еден wave file со големина од по 300 mb ако добро се лужи сеќавањето. Бидејќи процесорите не успеваа, да ја завршат работата со 100% оптеретување ја купија GOLD картицата бидејќи таа во себе имаше свој процесор за миксање. Со вградувањето на картицата процесорите не се качија над 50% оптеретеност повеќе.

Така да ако се сака, од картица до картица се има мнооогу разлика.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #2669 на: 11 Април 2013, 17:08:41 pm »
Се согласувам. Затоа и реков дека аудио-матерјалот (заедно со опремата, просторијата и што-веќе-сака) може да го бира гојдо. Најквалитетното што го има нека го приложи. Сигурно нема да тестираме со снимки на касети од AM радио или со youtube...

Композиторот Љупло Трајковски Фис ми е комшија и пријател. Се сеќавам 2000та година кај него монтирав Creative SoundBlaster AWE 64 GOLD. СО Наум Петрески ја купија заедно ако не се лажам 1500 евра (3000 марки) само картицата.

Тогаш видов како на Gigabyte dual socket матична плоча опремена со RAM drive беа миксани 16 аудио канали а на секој аудио канал имаше по еден wave file со големина од по 300 mb ако добро се лужи сеќавањето. Бидејќи процесорите не успеваа, да ја завршат работата со 100% оптеретување ја купија GOLD картицата бидејќи таа во себе имаше свој процесор за миксање. Со вградувањето на картицата процесорите не се качија над 50% оптеретеност повеќе.

Така да ако се сака, од картица до картица се има мнооогу разлика.

0. Во 2000-та?! зимал AWE64? Да не било случајно порано? Во 2000-та више имаше ефтини SB Live! картици кои ГИ ГАЗЕА во секој поглед постарите, како AWE64

1. тоа било пред 100 години кога процесорите немаа ни иљадинка од денешната моќ. Знам, пошто и јас на времето (1995) купив AWE32 со 8MB RAM само за да добијам некаков реверб (мојот 386SX на 25МHz не беше доволно брз за такви сложени DSP операции). Во музичкиот свет, процесорот Е-mu 8000 кој во себе ко имаа AWE картиците стана многу популарен баш ради тоа

2. ова е неповрзано со квалитетот на звукот