Aj ako ima nekoj funkcionalen krek za 8-ka neka prati link po PP.
Немам крек. Баш мислев тебе да те прашувам денес. Ама затоа имам некој виртуален PC Кој симулира KMS сервер и го продолжува рокот за активација. Сега е во фаза на тестирање. Вака навидум функционира.
Што ќе видам фаланга? Немам време за пробување, објасни ми. Која е предноста на Windows 8 со Win 7 look во однос на нативен win 7? Мене со win 8 продуктивноста не ми е зголемена, напротив! Кога би бирал, win 7 за озбилна работа, win 8 за геџети со тач екран.
Една предност е што ги нема оние безвезни визуелни ефекти како кај седмицата. Нема сенки, нема транспаренции. Многу менија се преработени и подобрени, нешто во стилот на Офис 2010, наместо drop down менија има икони. Особено е корисно во Windows Explorer на пример. Понатаму употребата на системските ресурси е многу пооптимизирана. На Целерон 420 со 1Гб РАМ работи дупло побрзо одошто на 7-ка. Resource monitorot кај 8-цата е навистина корисен и дава корисни информации за разлика од 7-цата кај што морав да работам со perfmon. Подобрувањата што ги носи Metro UI да не ги коментирам за прз пристап до апликации и други шорткати е далеку подобар одошто старт менито на 7-ка. Додаден е десен клик на start to Metro копчето доле лево каде што се ставени сите технички алатки кои сега нема потреба да се бараат од Метро. За иние кои користат мултимонитор 8-ката е неприкосновена има едно чудо дополнителни опции со кои можеш да направиш екстра продуктивен десктоп. Јас го користам со 3 монитори на работа и сум презадоволен.
Се на се многу е брз, многу е стабилен. Одлично изгледа и изгледа дека со тек на време и оптоварување со апликации не се успорува како што се успоруваше 7-ката.
Башка што Desktop Gadgets се вратени назад во Windows 8 иако беа тргнати во почетните рилисови.