Куоре, сваќам дека продавате A-Data и дека мора по секоја цена да ги браниш, но...
1) SSD-ата со SandForce контролер имаат проблем со доверливост десетици повеќе одошто оние со Marvel
2) A-Data SX900 не е најбрз SSD на светот. Не се плаши да ги видиш тестирањата на Anandtech.
3) Plextor е фирмиште со реноме, традиција и голема историја во производство на профи единици за складирање на податоци. A-Data се дебитанти на тоа поле и смешно е да ги величиш покрај Plextor. Ќе ти се смее секој еден кој малку повеќе се разбира и го прател хардверот во изминативе 20 години.
4) Потдршката на A-Data е никаква во однос на онаа на Plextor. A-Data вади недетално тестирани производи, па потоа вади фирмвер откако мноштво корисници ќе се пожалат на некој проблем поврзан со нивните SSD-а. За разлика од нив, Plextor има тим кој најпрво детално ги тестира нивните SSD-а и ги отклонува сите пронајдени недостатоци пред производот да се озваничи за продажба. До сега не е познат ниту еден проблем со M3 Pro, но и покрај тоа 3 пати во месецот Plextor вади нови фирмвери за усовршување на перформансите и доверливоста.
5) Отвори на кој сакаш светски форум за хардвер и постави го прашањето кој SSD да го купиш: M3 Pro или SX900, парите не се критериум. Потоа размисли зошто сите про-хардвераши ќе ти препорачаат M3 Pro.
6) M3 Pro е над 50% поскап од SX900, а сепак е мнoгу повеќе посакуван и баран. Зошто?
@Osumka9
http://www.ebay.com/itm/BRAND-NEW-Crucial-M4-256-GB-Internal-2-5-Solid-State-Drive-CT256M4SSD2-SSD-/200771801389?pt=US_Internal_Hard_Disk_Drives&hash=item2ebeee912d