IT Crew, ако може мала помош. Имам еден проблем со службениот компјутер, цело време замрзнува компјутерот, дури и при стоење, при уклучување... Понекогаш на стартот јавуваше Primary Disk Error, мислев дека е некој софтверски проблем, со судни маки го форматирав(оти заглавуваше 10 пати додека средив се) но маките продолжија, повторно е истото цело време замрзнува рандом дали при стоење, уклучување што и да е, сега откога ги исформатирав и двете партиции мислам дека неможам на раат да го уклучам. Помислив и да не е хард дискот, го земав од таму го донесов дома, го уклучив на домашниот компјутер му направив диск чек и ги дерфегментирав се во ред си беше. Има ли некој идеја што може да е проблемов, дали може да е до матичната или до рамот, или сепак е хард дискот, иако дома кога го пробував се ок беше. Компјутерот е Пентиум 4 2.8ГХ, 512рам, 80ГБ хард диск Макстор, ВГА Ати 9600 Про 128мб, купен е 2004 год.