@velestrumf : Ако имаш само два диска од 4ТБ, тогаш вкупниот капацитет ќе ти биде 8ТБ, ако не сакаш редундантност на податоците (заштита од откажување на еден диск). Едниот сетап е да имаш RAID 0, каде податоците се запишуваат на двата диска истовремено - но различни кластери (прв кластер на еден, втор кластер на вториот, трет пак на првиот, четврт на вториот итн), со тоа што се подобрува брзината на системот (во овој случај небитна работа), вториот се вика JBOD каде што еден логички волјум се распределува на двата диска, и запишувањето иде редоследно, кога ќе се напуни првиот диск, идеме на вториот, итн...
Ако сакаш заштита од цркање на еден диск, тогаш ги сетираш во RAID 1, каде веќе податоците на едниот диск и на другиот се потполно исти. Брзината на читање може да биде зголемена (скоро дуплирана), но имаш капацитет на целиот систем колку што е капацитетот на 1 диск (во овој случај 4ТБ).
Со додавање на уште еден диск, односно 3 диска, ти се шири полето на работа. Конфигираш RAID 5, каде податоците се запишуваат на 3-те диска, но губиш на капацитет на во големина од еден диск, заради CRC запис на секој диск. Така, дискот 1 содржи дел од податоците на дискот 2 и на дискот 3, дискот 2, содржи дел од податоците на дискот 1 и 3, и дискот три содржи податоци од диск 1 и 2.
Оваа конфигурација може да ја тераш со N дискови, каде N e поголемо од 3, а капацитетот на целиот систем ќе биде N-(капацитет на еден диск). Така, ако имаш 3 дискови од 4ТБ, вкупниот капацитет ќе биде 8ТБ (наместо 12). Ако имаш 4 дискови, капацитетот ќе биде 12ТБ (наместо 16).
Оваа конфигурација е добра, затоа што доколку цркне ЕДЕН диск, тогаш имаш пристап до податоците и понатаму (пошто другите дискови содржат инфо за податоците од цркнатиот), и можеш да интервенираш и да го смениш расипаниот диск без голем даунтајм.
Ако имаш конфигурирано spare, само „кликаш“ и се активира на место на цркнатиот.
Со три диска (и повеќе), секако може и било која од претходните (RAID 0 или JBOD) конфигурации.
Одиме со 4 диска: Тука имаш повеќе опции. Покрај гореспоменатите 3, имаш уште и можност на RAID 1+0 (или популарно RAID 10).
Тоа значи дека два по два диска се врзани во RAID 1, па понатаму тие два сета се врзуваат во RAID 0. Капацитетот, секако е вкупниот капацитет од дисковите поделен со 2. Предности се брзина и редунданца.
Но, тука во твјот случај брзината е помалку битна, редундантноста на податоците е побитна, односно да имате пристап до истите доколку цркне диск.
Тука „играш“ со потребите. Ако ти е потребно брзо да може да се „вратиш“ у бизнис и да биде активен сториџот, тогаш одиш на RAID5 со 3 диска, и еден spare, за да може да го активрираш во случај да цркне. Доколку не ти е толку битно, односно може 2-3 дена да ти биде уредот во критична состојба додека купиш диск, тогаш идеш RAID 5 so 4 диска (добиваш малце поголем капацитет, но ако цркне еден диск, треба да нарачаш со ист капацитет, да стигне, да го мењаш итн, што го става уредот во критична состојба додека не се набави и смени цркнатиот диск. Ризик да цркне уште еден диск во меѓувреме и да останеш без податоците.
Мислам дека објаснив наједноставно што може. Било кој од NAS уредчињава што ги гледаш овозможува вакви конфигурации по желба (не сум сигурен за hot-spare единствено).
Сега би ти препорачал, доколку ги имате податоците од стариов по локалните машини, да баталиш рекавери, и да го конфигурираш новиот NAS што побрзо и да си ги снимите наново податоците на новиот NAS.