Во ерата кога 3Д телевизорите беа актуелни јас работев во Нептун и со клегата си игравме и ги споредувавме, таков 3д, онаков 3д, вакви наочари, обични, со батерии... дрн дрн... и стигна едно телевизориште фул лед со 3Д со курци палци, еден куфер пари кошташе, далеку поскап од другите солидни телевизори.
Тука следува муабетот:
- Да имаш пари, би го купил овај телевизор скапиов, покрај овие другите поевтини што се и што се сосема солидни?
- Да имам пари? Зошто не би го купил кога би имал пари?
Заклучоко е: Ако имаш пари да си ја купиш графичката, не гледам причина зошто да не си ја купиш.