ВНИМАНИЕ! Следи арогантен пост. Осетливите и помладите од 18 години нека сменат таб, нека скролнат надоле или нека кликнат
тука.
И покрај тоа што WD во волумен е најпродаван кај нас, процентуално има најмалку рикнати драјвови според моето искуство.
Личните искуства се викаат „лични“
со причина и не вредат ни пет пари при носење одлуки. Моето лично искуство вели дека Seagate се апсолутно перфектни и дека никогаш не се расипуваат. Зошто? Затоа што
на мене не ми се расипал ниту еден Seagate. Но, дали тоа тебе (или кој било друг писмен) ќе те убеди да земеш Seagate кога, како што гледаме, имаат најголем процент на рикнати дискови после 3 години? Не, нема.
Ако ништо друго, барем кога рика, рика постепено и ти остава време за бекап
Тоа не е правило, туку е - повторно - анегдота. Дали ќе рика постепено или одеднаш зависи од мал милион фактори, во кои марката на дискот не спаѓа. Секој диск од секој произведувач може во различни околности да рикне на најразлични начини.
електрониката од друг сличен драјв пасува па имаш некоја утешна можност да спасиш податоци.
Ова важи за сите дискови, не само за WD.
Hitachi, Seagate кога рикаат it's like when shit hits the fan.
Jaс па баш вакво искуство имам со еден Caviar. И сеа? Шопраиме со твоите тези?
Тошиба како 3,5 инчен хард драјв кај нас се појави неодамна па јас не би си ги ставал порничите на него. У принциш што се однесува до мене, јас имам бекап на секој еден бајт од податоци така да не се замарам премногу со долготрајност и издржливост на дисковите.
Штотуку одржа мини-предавање во кое компаративно-аналитички се осврна на спецификите на долготрајноста на дисковите спорени по марка, за да финишираш дека... не се замараш премногу со тоа?? Па како бе другар така?