
Заговор или не, тоа беше поводот за скратувањето на гаранциите, не зголемената расипливост.
HDD 1TB WesternDigital IntelliPower rpm, 64MB Cache SATA-3, 6.0Gb/s Caviar Blue, WD10EZEX го бива ли? Дали овој е single platter ко што препорача гОЈДО?
Јас не би земал ИнтелиПауер ако треба да биде системски диск, ако е за стораж, ондак да.
Зашто да не ИнтелиПауер? Што е финтата со тоа? Не е некоја ујдурма за помалку трошење струја?
Каков би земал?
Јас го имам тој. Фин си е. Ама ја бев навикнат на многу постар диск, така да на тебе може да ти дојде побавен од црниот што си го имал до сега.
Не е важно дали е сингл платер, туку колкава е густината на податоци на истите. Со поголема густина, доаѓа и поголема брзина. Ако имаш да бираш два со ист капацитет, но едниот е со помалку диска, тогаш тој користи понова технологија со поголема густина. WD10EZEX конкретно е со еден диск. Ако најдеш друг со два диска но капацитет од 3TB, тогаш тој има поголема густина и може да биде побрз, без разлика што не е со еден.
Види си бенчмарк ако толку те интересира, спореди си со стариот твој.