Народе, ај вака...
Му турив на десктопот Хирен Бут ЦД, да го провери хард дискот. Работеше цела вечер, и сабајлево беше само на 10%. Ај ќе го разберам, пошто му реков да прави "Read test" на 1 тера диск. Тоа што приметив сабајлево е дека уште на почетокот има пријавено bad sectors. Не се многу на број, ама пак ги има. Згора на тоа, сабајлево пред да излезам за на работа, појави некоја грешка "Class not registered" (користам mini Windows XP преку CD-то) и се укочи, комплетно без одзив. Ни маус, ни тастатура, ни ништо. Го оставив у надеж дека може ќе си продолжи понатаму со тестирањето, ама што знам, скептик сум некако. Се работи за WD Caviar Black, кој мислам дека веќе не ми е под гаранција.
Предлози, идеи воа-ноа за чаре? Препорачливо е да пазарам нов хард диск така? Дали да би земал пак WD, или да барам Seagate (како што ми препорачаа пар клабери), или нешто трето? У моментов не размишљам за ССД на десктопот, пошто ми е потребен простор.