Јас би идел на WD MyBook, неможам да ја најдам сега статистиката, ама кога ми требаше да купам имаа убедливо најмал процент на расипливост, а Seagate мислам дека беше лидер на листата. Samsung имаа релативно лоши критики и ако се сеќавам добро користеа баш Seagate дискови. Јас земав и кутија само од Samsung D3 Station и си ставив мој диск и квалитетот е скоро па Gamebird а тоа адаптер цело време цвичи и ме убија. MyBook-от доаѓа со WD Green внатре (иако прочитав дека е лотарија и нема точна спецификација, па се наоѓале и блу), што уствари е добра комбинација за екстерен диск, јас лично го терам еден веќе 5-6 години.
За Ti-go-shiba и He-touch-me немам конкретно изграден став бидејки немам ни некое искуство, освен со еден Хитачми пред 10тина години кој ми цркна за неколку месеци, ама тоа не е релевантно сега.