И мојата алфа е потполно иста како во сите останати земји. Ама тоа се ретки возила. Моето Стило не е исто како во сите останати земји. Скратиле заштита под мотор, Скратиле 2 воздушни перничиња, и сл. Тоа е до импортерите. Ама прави разлика. Кај пониските класи на коли, уште поевидентна е разликата. Поготово ако се прават во различни фабрики. Да речеме, Форд склапан во русија се знае за кои пазари е, и тој фокус има различни материјали, контрола на квалитет и завршна обработка во однос на оној што е склопен во фабриката во германија.
@Darko i @Deni, самиот факт дека кај нас ти љуштат од опремата, без разлика дали е тоа твое возило или е на комшијата е доволно разочарувачки факт. Барем за мене.
Затоа и не би купил кај нас возило што апла знаеш дека ти заработуваат на кратење опрема и квалитет (типичен пример за тоа е веројатно тој Цитроен Ц3 1.6 ХДИ 75 кс. НИКАДЕ НЕ СЕ НУДИ ТАКВА ВЕРЗИЈА освен кај нас. Не можам да тврдам дека е со послаб квалитет и слично, ама многу ми е сомнително кога има нешто само кај нас, а знаеш дека сме многу мал пазар за на некого да му се исплати да прави custom верзија).
Ене ја Србија, Хрватска, Словенија па и Австрија и Италија..
Крајната цена излегува поевтина или иста како кај нас ако се купи од таму.
Двајца мои пријатели купија нови возила од надвор а не од тука:
1. BMW 535D - Мој пријател кога не можеше да добие модел каков што сакаше тука, едноставно си го купи од Холандија
2. Golf 3 - Овој па мој пријател го купи од Белгија.
Зборам за скроз нови возила од салон.
P.s. За Алфа е полесно да биде секаде иста.. И така исто се расипува секаде
